Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

manastir dobra voda01.12.2017  Секој да го следи примерот на одредени луѓе кои не го забораваат манастирот и финансиски помагаат за негово реновирање и доизградување, порачуваат домаќините кои што се заблагодарија на семејството што помогнаа и даруваа за манастирот.

- Еве, во моментов работиме со мајстори и сакаме да ставиме плочки во сите простории кај манастирот и сакам да се заблагодарам на Јадранка која што живее во Австралија, и која што беше на годишното собрание кое што го организираме и пројави желба да донира и да помогне финансиски за манастирот. Им се заблагодарувам на мајсторите кои што веднаш се согласија да работат и да го употребат донираниот материјал. Ги замолувам и другите луѓе кои со што можат и колку можат да го следат примерот на иселениците во странство кои што несебично помагаат со донации за манастирот, реле Стефан Смилков, домаќин на манастирот.

На овој манастир му недостига кујна и конаци како и да се направи патот до него, секоја година апелира домаќинот.

Инаку, на манастирот Добра вода секоја година голем број верници се собираат на првиот петок по Велигден или кај народот познат како Источен петок - Балакија. На тој ден се организира голем црковно - народен собир. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката Божја, по што манастирот го носи нејзиното име. Тој ден болните најмногу одат на лековити води, а се верува дека водата во овој манастир е лековита.

Од неодамна на овој манастир освен на славата, започна еден нов собир на втор ден Божиќ на 8 јануари кога се сукаат зелници и се организира црковно народен собир.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/13°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code