Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kolektor kanalizacija11.12.2017  Практичната реализација на колекторскиот систем за отпадните води во општина Кочани ќе продолжи со поставување на главните и секундарните собирни цевки што ќе се протегаат на делницата број 2, што се наоѓа од преминот преку Кочанска Река до пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци.

Министерството за животна средина на првиот работен ден од оваа недела го објави јавниот повик за избор на изведувач на градежните работи, при што е планирано да се инвестираат над 50 милиони денари.

Според тендерската документација, од фирмата што ќе биде избрана на повикот се бара да направи поврзување на главната транспортна цеква со досега завршениот колектор.

Притоа треба да се изградат 17 армирано-бетонски ревизиони шахти, една преливна шаха на главниот колектор, да се обезбедат два премини преку пат и два премини преку Кочанска Река. Освен тоа, треба да се обезебди заштита од ерозија на реката со поставување на т.н. габиони на две локации во нејзиното корито.

Колекторскиот систем е составен од главен собирен фекален колектор и од секундарни фекални колектори со кои се врши поврзување на постојната мешовита мрежа до главниот колектор кој ја транспортира отпадната вода до пречистителната станица. Главниот собирен фекален колектор е со вкупна должина од 9.500 метри и е предвидено да се изведува во две делници. Првата е со должина од 5.208 метри со почетна точка во Оризари до границата на опфатот на Генералниот урбанистички план за град Кочани. Втората делница пак, на која треба да се работи сега, е со должина од 4.292 метри. Цевките со кои ќе се транспортираат отпадните води се со пречник од 250 до 500 милиметри.

Јавниот повик за избор на изведувач на работите трае до 4 јануари, кога ќе биде и отворањето на пристигнатите пријави во просториите на Министерството за животна средина во Скопје.

Фирмата што ќе биде избрана на тендерската постапка ќе биде должна да ги изведе предвидените работи во рок од 12 календарски месеци, а рокот ќе започне да тече од денот на нејзиното воведување во предвидените градежни задачи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code