Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stadiion nikola mantov11.12.2017  Заради унапредување на спортот и спортските објекти со кои располагаат градот и општината, локалната власт на Кочани не се откажува од планираните активности за подобрување на условите на стадионот “Никола Мантов“.

Иако се очекуваше да се преземат поголеми зафати за негова реконструкција, до сега се остана само на хартија, со исклучок на извесни активности околу наводнувањето на теренот.

Со цел да се разгледаат идеите и можностите околу одржувањето, и заедничките инвестиции на овој спорткси објект, градоначалникот Николчо Илијев, имаше работна средба со претставници од Фудбалската федерација на Македонија.

Според информациите дадени по средбата, на повидок е решавање на прашањето за поставување 1.500 столчиња на источната трибин, како и други инвестиции во инфраструктурата и во одржувањето. Тие би требало да го подигнат нивото на стадионот за одигрување на помали меѓународни натпревари. Притоа, со претставниците на ФФМ е постигнат почетен договор за довршување на работите што се најавуваа за изминатиот период со што ќе се обезбеди исполнување на пропишаните критериуми за меѓународните натпревари.

Општината очекува поддршка од Фудбалската федерација на Македонија и во решавање на основните потреби за одржување на фудбалскиот терен на „Никола Мантов“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code