Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka vinica proekt11.12.2017  Во Виница со мини свеченост беше финализиран проектот “Реконструкција и партерно уредување на Детска Градинка “Гоце Делчев“.

Во рамките на истиот, кој произлезе како приоритет од Форумскиот процес во Виница, беше заменета кровната конструкција, старите и дотраени азбестни цевки беа заменети со лим панели, а се изврши и комплетно уредување на дворот со плочки, зеленило и летниковец.

Вредноста на целиот проект е 2.800 000 денари, од кои 1.400 000 се средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, додека останите 1.400 000 се од Општина Виница.

Завршувањето на овој проект го поздрави и швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Тејада, која изрази јавна благодарност до граѓаните кои беа активно вклучени во форумскиот процес со свои идеи, и кои на крај приоритет дадоа токму на овој проект.

- Оваа детска градинка која е многу потребна за локалната заедница е доказ дека граѓаните можат да дадат значаен придонес на локалните власти во решавање на прашањата кои претставуваат заедничка загриженост. Сакам да ја искористам можноста и да ги охрабрам локалните и граѓански организации да земаат активен придонес во овој процес и да бидат пример за соработка меѓу граѓаните и локалните власти, рече Сибил Сутер Тејада, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

Градоначалникот Ивица Димитров најави дека инвестициите во градинките продолжуваат, веќе се работи на проектна документација за изградба на нови градинки.

- Овие и слични проекти кои ги прави општина Виница мора да продолжат. Планираме изградба на нови градинки во селата Јакимово и Лески и веќе работиме на овие проекти. Со поддршка на Владата, и секако со поддршка на Швајцарската Амбасада планираме нови инвестиции за нашите деца, со цел нашата општина да биде пристојно место за живеење, рече Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

Директорот Илија Јованов истакна дека благодарение на сите досегашни инвестиции во градинката, од нови проширувања, изградба на нови градинки, проекти за енергетска ефикасност, во сите пет објекти на градинката престојуваат 400 дечиња, и веќе нема листа на чекање во градинките.

Проектот „Форуми во заедницата“ значи и учество на граѓаните во одлуките кои што ги носи општината и швајцарската амбасадорка рече дека дека тоа е многу важно, особено граѓаните да учествуваат во одлучувањето бидејќи со било кој проект општината да го презентира и аплицира кај било кој донатор доколку граѓаните земале учество се смета за една многу позитивна работа и ќе биде финансирано.

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 109 гости и нема членови


web counter



qr code