Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rulet12.12.2017  Филмски грабеж извршиле две засега непознати лица во казино лоцирано во строгиот центар на Виница.

Притоа, непозната е и сумата што успеале да ја однесат со себе, откако со закана успеале да ги отстранат вработените во објектот, а потоа сами се послужиле со кешот што се наоѓал во касата.

Според официјалното известување од МВР, грабежот се случил рано изутрината околу 06.15 часот во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Виница. Во критичниот момент две непознати маскирани лица насилно упаднале внатре и го извршиле разбојништвото.

Сторителите со пиштоли им се заканиле на вработените, по што ги затвориле во тоалетот од казиното, а потоа ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица, од каде била испратена увидна екипа. Освен известувањето дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, од Полицијата засега не излегуваат со други детали.

Иако нема потврда за вредноста на парите што се украдени, во јавноста претпладнето се шпекулираше дека се работи за сериозна сума што се насобрала претходната вечер. Наводно тоа наведувало на претпоставката оти станува збор за искусни крадци, кои добро го познаваат фунционирањето на вакви објекти во кои се приредуваат игри на среќа.

Т. Ајтовски     

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code