Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komisija sovet112.12.2017  Комисиите за финансии и буџет и за комунални работи, што работат во рамки на Советот на Општина Кочани, не дадоа поддршка на одлуката на КЈП “Водовод“ за покачување на вредноста на бодот за платите на вработените.

Одлука за зголемувањето веќе била донесена од страна на Управниот одбор на претпријатието, кој заседавал пред околу еден месец и заклучил oти сегашната вредност на еден бод од 11, треба да порасне на 12,3 денари.

Образложението за одлуката е дека тоа се прави во согласност со примената на Законот за минимална плата во Макеоднија, што во нето износ не треба да биде под 12 илјади денари. Сепак, краткиот текст на одлуката што го добија членовите на Комисиите не ги убеди дека треба да го одобрат барањето, оставајќи и им дилеми колкав трошок тоа ќе предизвика за “Водовод“.

- Дали станува збор само за луѓето кои имале помала вредност на платата, да се усогласи со мининалната или за сите вработени, рече Сашко Стефановски, претседател на Комисијата за комунални работи.

- Значи, со зголемувањето на вредноста на бодот ќе се зголемат платите на сите вработени, не само на тие што имаат под минималната нето плата, што мислам дека така треба и да биде. Не можеме за едни вработени да ја зголемиме платата, а на другите вработени да остане платата на истото ниво, рече Јасмина Димова, раководител за финансии во КЈП “Водовод“.

Со оглед што законската обврска за минимална плата започна да важи во октомври, во изминатите два месеци во “Водовод“ било најдено преодно решение со кое само на вработените чии месечни примања биле под 12 илјади денари им бил зголемен бројот на бодовите. На тој начин, со досегашната вредност на бодовите, тие зеле нето плата од 12.100 денари. Сепак, од Претпријатието смеаат дека со тоа нема рамноправност меѓу вработените, затоа што сега дошло до изедначување во примањата на оние што примаат минималец со другите кои извршуваат посложени работни задачи, а земаат иста плата.

Барањето од “Водовод“ за покачување на вредноста на бодот на вработените се најде и пред Комисијата за финансии и буџет, но и таму не доби поддршка.

- Колку вработени во комуналното претпријатие имаат плата под 12 илјади денари, а сега ќе бидат над тоа? И како тоа, како финансиски импликации, би значело, односно колкава би била месечната разлика само со оваа одлука, рече Ѓорѓи Алексов, претседател на Комисијата за финансии и буџет.

- Вкупната вредност на бодовите на сите вработени е 273.856 бода. По 11 денари, старата вредност на бодот, тоа е 4.217.382 денари, значи за нето плата. Кога тие 273.856 бода ќе се помножат по 12,3 денари, ќе се добие 4.715.799 денари. Значи вкупното зголемување е 498.417 денари, рече Јасмина Димова, раководител за финансии во КЈП “Водовод“.

Од Комисијата беше побарано од Претпријатието до Советот да се достави писмена анализа за бројот на вработени кои досега земале под минималната плата од 12 илјади денари, како и за трошоците што зголемувањето на вредноста на бодот би ги предизвикало во работењето на “Вдовоод“.

За ова прашање ќе расправаат сите советници на седницата што е закажана за в петок.

T. Ajтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code