X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinari psd osogovo12.12.2017  Кочанските планинари, членови на ПСД “Осогово“, добија уште едно признание за својата добра организираност и активностите што ги реализираа во текот на годината што изминува.

Тоа доаѓа од државно ниво, како потврда дека нивната работа е оценета како позитивна, што ги сместува меѓу најдобрите и најактивни клубови во оваа спортска гранка.

Всушност, претседателството на Федерацијата на планинарски спортови на Макеоднија по разгледувањето на доставените предлози за доделување на наградата “Даре Џамбаз“ донесе заклучок, на планинарското друштво од Кочани да му додели признание за постигнати извонредни резултати во планинарството за 2017 година.

Наградата е уште повредна ако се знае дека од вкупно 60 планинарски клубови во државата токму кочанските планинари ја понесоа титулата најдобри за 2017 година. Истовремено, таквото признание е прво во Источниот регион, што дополнително зборува за рејтингот што нашето планинарско друштво го има на државно ниво.

Резултатоите што се постигнати се импресивни и практично се без конкуртенција, со оглед што во текот на изминатите неполни 12 месеци се организрани 70 планинарски акции, при што се освоени над 100 планински врвови, меѓу кои и Мон Блан, Полукс, мнајвисокито врв во Јапонија - Фиџи, како и сите највисоки врвови на Балканот и во Македонија.

Признанието од ФПСМ е само едно од низата награди и благодарници што ги има добиено Друштвото, при што минатата година беше избрано за најдобро на Истокот, како органмизатор на најмасовниот планинарски меѓународен марш со преку 200 учесници. Истовремено, членовите на планинарското друштво се и промотори на планинските села во Осоговоијата, со цел да привлечат туристи и да ги мотивираат младите да ја засакаат планината.

Единствен проблем со кој се соочуваат планинарите е што добиените признанија немаат можност соодветно да ги претстават пред јавноста, бидејќи планинарското друштво се уште нема просторија во која ќе може да работи. Поради тоа, упатуваат апел до Локалната самоуправа да им отстапи макар и минимален простор за да можат и понатаму успешно да ги реализираат своите програми за работа.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click