Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

velosipedisti12.12.2017  Без пари и со ограничени материјални можности работи Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Кочани, иако во текот на изминатата година се реализираа скоро сите планирани активности во годишната програма за работа.

Соработка со Републичкиот совет постои, но оттаму доаѓаат само насоки за задачите што треба да се исполнат, без финансиска или друг вид поткрепа.

Досега членовите на Општинскиот совет се снаоѓаат како што знаат, но за наредната година бараат финансиска поддршка од Општина Кочани, во рамки на нејзините буџетски можности.

- Ние како Општински совет за безбедност во патниот сообраќај спроведуваме превентивни акции, што ги имате во Програмата, меѓутоа со години наназад сме соочени со финансиски проблеми, од причина што Републичкиот сoвет за безбедност во патниот сообраќај многу слабо ни доставува едукативен материјал, а секоја превентивна акција без таков материјал, не е акција. Значи, ако ние спроведуваме превентивни акции, треба да им понудиме едукација на учесниците во сообраќајот за да можат да видат зошто ја спроведуваме таа акција. Исто така, ни се потребни финансиски средства во делот на спроведување на “Детски семафор“, имаме таму програма, меѓутоа само програма имаме од Републички совет, а наградите ги обезбедува Општината, тука се дипломи, признанија, благодарници, така што во тој дел ни се потребни финансиски средства, рече Горан Велковски, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот констатираат дека во 2017 има извесно намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и незгоди во однос на 2016 година, за што влијание имале и мерките и активностите што биле преземени за да се влијае на свеста на учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Во Програмната за работа на Советот во наредната година е предвидено да се реализираат вкупно 13 акции, што би започнале во април и ќе траат до ноември, односно по две до три месечно.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 109 гости и нема членови


web counter



qr code