Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ou nikola karev13.12.2017  Општина Кочани ќе ги покрива дел од долговите на училиштата за да спречи блокирање на нивните банкарски сметки и да обезбеди непречено функционирањe и реализирање на наставниот процес.

Според предлог-одлуката, се предивудва од буџетската сметка на Локалната самоуправа да се издвојат 1 милион денари за плаќање на натрупаните фактури во ОУ “Никола Карев“, а што не биле навреме отплаќани во изминатите неколку години.

Сумата е дополнување на редовната блок-дотација што образовната установа ја добива секој месец за покривање на трошоците од работењето.

Со тоа барем донекаде ќе се намали вкупниот долг во ова училиште чиј вкупен долг изнесува близу 4,5 милиони денари, од кои скоро целата сума е кон добавувачот “Авто Атом“ за превоз на учениците. Предлог-одлуката треба да добие согласност од Советот на Општината, по што парите ќе можат да се трансферираат на сметката на ОУ “Никола Карев“.

Инаку, пред неколку дена Општина Кочани, во договор со “Авто Атом“, исплати 1,5 милион денари како краткорочно подмирување на долгот на училиштата, чија вкупна висина е 34 милиони денари. Со тоа е беше овозможено деблокирање на училишните сметки, главно на СОУ “Гошо Викентиев“ и на основното “Никола Карев“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-8°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code