Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

odluka cena otpadna voda13.12.2017  За околу 3 денари до 2020 година треба да се намали цената на услугата за собирање и одведување на отпадните води од населените места во Општина Кочани. Намалувањето ќе се врши постепено во наредните три години, соодветно на препораките добиени од Регулаторната комисија за енергетика, а во согласност со Законот за водни услуги.

Како што е познато, Регулаторна препорача тарифата да се намали за околу 24 отсто, одбивајќи го барањето на “Водовод“ надоместокот да се покачи за 2,96 отсто во споредба со постојната цена.

Управниот одбор на Претпријатието веќе ја донел одлуката, според која за 2018 година цената за собирање и одведување отпадни води од домаќинставата ќе изнесува 14,57 денари од метар кубен, а една година подоцна сумата ќе падне на 11,27 денари од метар кубен. Во 2020 година пак, сумата ќе има минимално покачување односно ќе се задржи на 11,67 денари.

Соодветно на тоа, ќе има намалување на цената на услугата и за комерцијалните правни лица и за институциите. Кај нив од 22,59 денари во 2018, тарифата ќе падне на 17,41 денар за метар кубен отпадна вода во 2020 година. Со доенсувањето на оваа одлука се укинаува претходно донесената единчена цена за собирање и одвод на отпадните води, што претпријатието ја применуваше од средината на 2016 година.

Истовремно со одлуката за тарифите за собирање на отпадните води, донесена е и одлука за цената за нејзино пречистување што ќе ја плаќаат граѓаните и фирмите. Според утврдениот текст, оваа услуга ќе започне да се наплатува од 2019 година, односно откако ќе биде завршена станицата за пречистување на отпадни води што се гради кај Мојанци.

Со одлуката се предвидува граѓаните да плаќаат по 12,75 денари за метар кубен пречистена вода во 2019, односно по 13,04 денари во 2020 година. Оваа сума ќе биде иста и за услугата што ќе ја плаќаат фирмите и институциите во општината.

Двете донесени одлуки од Управниот одбор на кочанското комунално претпријатие ќе се најдат на разгледување пред Советот на Општината, на седницата што ќе се одржи в петок. Доколку бидат усвоени, и официјално ќе може да започне нивната примена.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник1°C/8°C
Вторник6°C/11°C
Среда3°C/13°C
Четврток2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code