Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

olson ilijev13.12.2017  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во перидоотод 12 до 14 декември е во официјална посета на општините Борос и Кунгелв, во Кралството Шведска.

Во рамките на посетата на Општина Борос, градоначалникот Илијев остварил средба со својот колега од ова ашведска оппштина,Улф Олсон на која било разговарано за отпочнување соработка помеѓу општините Кочани и Борос, како и за размена на искуства и договарање форми на идна соработка во различни општествени сфери од интерес на двете општини.

Помеѓу останатото, Илијев ги презентирал потенцијалите за инвестиции во општина Кочани и придобивките од нив.

Градоначалникот Илијев исто така остварил средба и со претставници на Македонското друштво на иселеници „Кочо Рацин“, со седиште во Борос, кое брои над 110 членови.

Инаку, Општина Борос има 110.000 жители и се наоѓа во западна Шведска, а заедничка нишка за Кочани и оваа локална самоуправа е што и двете општини се познати по развиената текстилна индустрија.

Посетата на градоначалникот Илијев продолжи и во текот на денот со состаноци со градоначалникот на Општина Кунгелв, со посети на јавни претпријатија и установи, како и средби со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска, со седиште во Гетеборг.

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code