Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ponikva skijanje14.12.2017  Врз основа на соработката со Oпштина Крижевци од Република Хрватска што е воспоставена во делот на образованието, Локалната самоуправа на Кочани ќе го организира зимувањето за ученици од основните и средните училишта од овој хрватски град.

Ваквата практика се реализира веќе трета година, при што на летување и зимување одат ученици кои се првенци на генерациите од двете општини.

На учениците првенци на генерацијата од нашата општина во летниот период им се организира летување во детското одморалиште на островот Паг на сметка на градот Крижевци, додека Општина Кочани во зимскиот период организира зимување во спортско рекреативниот центар Пониква за учениците првенци од Крижевци.

Целта на оваа соработка, освен за размена на знаења и запознавање со традициите и културите помеѓу учениците, е и промоција на рекреативниот центар Пониква и зголемување на бројот на посетителите од соседните држави. Со тоа се промовираат можностите што ги нуди општината за искористување на природните потенцијали за развој на туризмот.

Локалната самоуправа на Кочани веќе ја објави тендерската постапка за прибирање понуди од заинтересираните угостителкси објекти на Пониква кои можат да одговорат на потребите. За таа цел е обезбеден буџет од 90 илјади денари, но изборот на давателот на услугата ќе се направи според најниската понудена цена.

Притоа, ќе треба да се обезбедат 7 полни пансиони со ноќевања за 11 лица, од кои 3 возрасни и 8 ученици, кои се очекува да пристигнат на 11 јануари. Рокот за пријавување на заинтересираните угостители трае до 20 декември, а понудите се поднесуваат преку електронскиот системот за јавни набавки.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 68%
Ветер: SE при 7 kmh
Вторник13°C/26°C
Среда13°C/27°C
Четврток12°C/24°C
Петок14°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code