Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz vreki15.12.2017  Ниту оваа сезона на повидок нема најави за подобрување на состојбата со откупот на оризот, посебно во поглед на откупните цени на белиот ориз и на арпата во кочанскиот регион.

За сега се е по старо, земјоделците се во исчекување на некакво помрднување во позитива, а откупувачките капацитети, кои ги истакнаа минатогодишните цени, се надеваат дека ќе почнат да работат со полна пареа.

- Сите откупни пунктови и преработувачките капацитети откупуваат ориз, но со незадоволителна цена за земјоделците. Тоа значи дека ветеното за повисоки цени на оризовата арпа се уште не е остварено, рече Зоран Борисов, од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Земјоделците кои произведуваат ориз се надеваа на пристојни цени од околу 25 денари за килограм арпа и барем приближно до 50-тина денари за килограм бел ориз, но на откупните места ги дочекува поинаква ситуација.

- Откупот е многу евтин, еве сега запишав, оризот ми е “андреа“, се запишав и 40 денари го земаат, а другиот, турскиот, е 37, 36. Арпата не ја земаат, а оди 18 денари, 16, тука се движи, рече Санде Димитров, земјоделец од Чешиново.

Поради таквата ситуација земјоделците ги чуваат произведените количини, надевајќи се дека на почетокот од новата година можеби ќе има подобрување. Сепак, притиснати од неплатените обврски за трошоците во производството, дел од нив се принудени да продаваат и по цената што во моментот е актуелна на откупните места.

- Тоа е цена што не ја задоволува само производната цена на чинење, па и оваа година, како и претходните, ако остане вака, земјоделецот ќе работи само да ги покрие трошоците, рече рече Зоран Борисов, од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Последната реколта во која повторно имаше серизно потфрлање во приносите, дополнително е загрозена со старите откупни цеми, додаваат земјоделците. Повеќе од сигурно е дека тоа ќе влијае следната пролет да се зголеми бројот на квалитетни оризни ниви што ќе бидат оставени и необработени.

Засега единствена поткрепа донекаде можат да им бидат субвенциите од ресорното министерство што за годинава се покачија за дополнителни 18 илјади денари од хектар.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code