X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet sednica dekemvri15.12.2017  Состојбите во образованието и во новиот состав на Советот на Општина Кочани остануваат жешка тема за расправа. Главна причина за тоа се големите долгови на училиштата, без разлика дали се за превозот на учениците или пак за други непокриени трошоци.

Токму поради тоа советнциците ја искажаа дилемата по одредени ставки наведени во финансиските планови за наредната година.

- Ми упадна во очи една осмоцифрена бројка што се однесува на СОУ “Гошо Викентиев“, таму на ставката 425760 има превоз на ученици 18 милиони денари. Сакам да го прашам директорот дали е сигурен дека ќе ги обезбеди овие средства и зошто минатата година не ги сретнавме по истиот основ, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Во договорите за превоз на училиштата на тендерска постапка стоело дека во училиштето требало да има интерна комисија која ќе прави квалитативна и квантитативна контрола на спроведување на превозот. Дали истата комисија претходните неколку години има сработено нешто и дали истото тоа може да биде презентирано на Совет, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

Посебно внимание беше посветено на СОУ “Гошо Викентиев“, за чие работење имало побарано и мислење од ревизијата.

- Доколку е спроведена ревизија барам да ми биде доставен извештај за ревизијата. Тоа е првото мое прашање, а второт се однесува на ОУ „Никола Карев“ за кое следат точки од дневниот ред и ќе се направи пренамена на средства од други програми се со цел да бидат подмирени трошоците, бидејќи функционирањето на училиштето е доведено во прашање преку блокирање на сметката, преку исклучување на електричната енергија што претставува еден сериозен удар врз образованието во општина Кочани, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Појаснување за прашањата од советниците имаше од претставниците на двете споменати училишта.

- При изработката на предлог-буџетот за 2018 година беа предвидени 12 милиони за превоз на учениците. Во координација со Локалната самоуправа, буџетот ни беше зголемен за уште 6 милиони, така што мислам дека тие ќе бидат употребени за покривање на долгот од претходните години, рече претставник од СОУ “Гошо Викентиев“.

- Блокирањето на сметката настана во октомври месец и во тој период настана, знаат тие што ја разбираат економијата или финансиското работење, конкретно за струјата добивме опомена во октомври за четири дена, значи со две неплатени сметки, и како граѓани и приватни лица, значи можат да дојдат и да ни ја исклучат струјата. Јас во меѓувреме ја информирав Општината затоа што како блокирано училиште нема од каде конкретно да го решиме проблемот, рече Владо Андов, в.д. директор на ОУ “Никола Карев“.

Објаснувањата на претставниците на двете училишта не ги задоволија очекувањата на советниците, поради што имаше забелешки за начинот на досегашното работење на образовните установи.

- Овие искази сега од претставникот на СОУ “Гошо Викентиев“ не е ништо ново. Тоа само ни ги потврдува ставовите и сомневањата што ги имаме и ние како членови на Советот, и претставниците на граѓаните на општина Кочани, дека недомаќински, неодговорно се работело во училиштата. Знаете, не е директорот само фигура која што треба да спроведува определена политика, кој што треба да организира да се оди на митинзи, било тоа да е на локално ниво, да се организираат протести и така натаму, да се доведат до тоа училиштата да бидат партиски ограноци, било на една, било на друга политичка партија. Ова го зборувам од причини да и оваа сегашна гарнитура, која што е на власт, оваа сегашна партија која има најголем дел советници, не смеат да се заборават и да ги прават истите грешки што ги правеле претходните директори, рече Благој Ситновски, член на Советот на Општина Кочани.

Кон дискусијата се приклучи и градоначалникот Илијев кој даде сопствени видувања за состојбата во работата на училиштата во општината, потврдувајќи дека во иднина ќе има поголема контрола како тие функционираат.

- Со мерките што ги преземаме за поголема контрола врз секој сегмент на трошењето на парите на граѓаните ќе ги рационализираме сите трошоци, а посебно во училиштата каде има простор за рационализирање, и тоа многу простор. Контролите што ги инициравме и се направени во делот на превозот на учениците го потврдија сомнежот дека и на одење, но и на враќање многу мал дел од учениците се возат. Дури имаме и случаи каде што родителите сега го слушаат ова и ги повлекуваат барањата за превоз на учениците, со што и трошокот веројатно ќе биде намален. Уште нешто, што морам да го кажам посебно за “Гошо Викентиев“, дека таму имаме паралелки со 5-6 ученика, што значи со една рационализација, со групирање на одредени часови ние можеме да го доведеме работењето на училиштето дури во една смена, што значи дека можеме да заштедиме и на енергија, и на превоз и на се, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

На крајот, мнозинството во Советот го усвои финансискиот план на училиштата за наредната година.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click