Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet oblesevo bez mnozinstvo15.12.2017  Дел од столчињата во салата на Советот на Општина Чешиново-Облешево останаа празни откако советниците од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја напуштиле седницата што била закажана за претпладнето.

Во салата каде што се одржуваат состаноците, присутни беа само советниците од опозициската СДСМ, кои поради недоволната бројност за да обезбедат кворум не можеле да продолжат со работа.

- За денеска 15.12.2017 година беше закажана четвртата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево. Иако мнозинството во Советот е на страната на ДПМНЕ, по нивна иницијатива беше свикана седницата на Советот, истите веднаш по усвојувањето на дневниот ред ја напуштија седницата со образложение дека напуштаат во знак на бојкот заради притворените нивни сопартијци. Ваквото однесување на членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ е за секоја осуда бидејќи со нивниот однос тие работат против натамошниот развој на општината Чешиново-Облешево, рече Борче Јованов, координатор на советничка група од СДСМ.

По десетминутно чекање советниците од СДСМ ја напуштија салата на Советот, во надеж дека наскоро ќе биде закажана нова седница, на која меѓу другото треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година.

Инаку, Советот на Чешиново-Облешево го сочинуваат по пет советници од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а еден советник е од НДМ, кој претходно објави дека се приклучува на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа партија го има мнозинствоито.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code