Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka 1218.12.2017  Максималната искористеност на капацитетите на четирите клона на детската градинка “Павлина Велјанова“ не овозможува да се задоволат барањата на родителите кои сакаат да им обезбедат соодветно згрижување на своите деца во оваа институција.

Проблемот привремено се решвања со зголемување на бројот на децата во групи во постојните објекти, за што на последната седница беше дадена согласност од Советот на Општината.

Сепак, беше речено дека мора да се изнајде соодветно решение на долг рок, при што имаше и конкретни предлози.

- Не е фер “прв дојден-прв услужен“ и да се соочиме со тоа дека деца од соседните општини Чешиново-Облешево и Зрновци, кои веќе посетуваат градинка, ќе им земат ред на децата од нашата општина. Поради тоа, мој апел до претставниците од градинката е во најкраток рок, за следната година, за уписите треба да биде изготвен правилник според кој децата кои се жители на општина Кочани ќе имаат приоритет во запишувањето во детската градинка. Исто така, сметам дека реонизацијата што е во Кочани ќе биде полезна затоа што некои од градинките се повеќе оптоварени, имаат повеќе деца на сметка на останатите градинки, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев рече дека се размислува за изградба на нов објект, односно клон на градинката во Кочани, за што било разговарано со Министерството за труд и социјална политика и со други институции од оваа област. Главен проблем бил тоа што досега во урбанистичките планови на Кочани немало предвидено простор за детска градинка, поради што во последен момент биле направени промени во Деталниот урбанистички план.

- Со оглед на роковите што беа кратки, имаше еден повик од Министерството за труд и социјална политика да ни помогнат во тој дел, односно повик за пријавување за изградба на детски градинки. Ние како Локална сампоуправа ги направивме сите напори, иако роковите течеа, беа многу кратки и немавме проект, меѓутоа благодарение на  дел од колегите соработници во Локалната самоуправа и на разбирањето на партнерите кои соработуваат со Општина Кочани се најде партнер кој бесплатно ќе го изработи проектот за изградба на детска градинка и со истиот проект ние сме спремни да конкурираме до крајот на декември за изградба на детска градинка во делот на Драчевик, односно Бејрут популарно наречен, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Дополнително, според Илијев, ќе се направи промена на ДУП во населбата Текешински лозја за да може на постојниот клон на градинката да се доградат уште неколку простории за да се зголеми неговиот капацитет. Исто така, ќе се бара соодветна локација за да се изработи проектна документација за градинка во село Тркање.

Додека да се реализираат покрупни зафати за нови објекти, беше предложено да се преадаптираат простории во постојните установи.

- Имам сознанија дека такви простории што можат да се преадаптираат и да се обезбедат за пократок рок има во градинката кај “Руен“, потоа може со преадаптација на простории во училиштата што би ги посетувале повозрасните дечиња од градинката и така натаму. Не мораме да чекаме да дојде до изградба на градинка, можеме и пред време да реагираме со помали финансии, ама побрзо да им обезбедиме на децата подобри услови, рече Гордана Антова, член на Советот на Општина Кочани.

Во моментот во четирите клона на градинката во Кочани, како и во објектите во Оризари и во Бели се запишани вкупно 756 деца на предучилишна возраст со што капацитетите се искористени над 100 проценти. Притоа задачите за грижа околу најмладите ги исполнуваат 87 вработени, од кои 43 се негувателки и 13 воспитувачи, а останите се стручни лица и помошен персонал.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 185 гости и нема членови


web counter



qr code