Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

novinari najdobroto od istokot18.12.2017  По четврти пат откако во 2014 година беше востановено како практиката, новинарите од регионалниот центар „Исток“, во рамките на Здружението на новинарите на Македонија ги номинираа и ги одбраа најдобрите репрезенти на регионот во повеќе области.

Иако во одредни категории имаше и по неколку предлози што заслужуваа да го добијат признанието “Најдоброто од Истокот“, сепак со гласање, новинарите на демократски начин ги дадоа мислењата за тоа кои се личностите, претпријатијата и здруженијата што во текот на изминатата година оставиле посебен белег на општествениот живот во регионот.

Според в.д. претседателот на регионалниот актив на ЗНМ, Тони Михаилов, сите предлзои заслужувале внимание, посебно што секој од поединците или институциите дале особен придонес во развојот на регионот, но сепак присутните новинари на крајот одлучија по еден претставник од десетината области да ги понесат признанијата за оваа година.

- Во категоријата “економија“ новинарите од Истокот одлучија дека фирма што најмногу направила во изминатата година е “Тондах“ од Виница, во категоријата “животна средина“, “Еко пак хит“ од Кочани, во категоријата “Спорт“, Бобан Николов, фудбалер на “Вардар“ и на репрезентацијата на Македонија за учествата на Европското првенство за млади, за настапот со “Вардар“ во рамки на лига Европа и Лига на шампиони и за настапот во А селекцијата на Македонија. Потоа, во категоријата “здравство“ одлучивме признание да доделиме на докторот Гоце Стојменовски од Делчево од Итната помош, во категоријата “образование“ на Кирил Барбареев, проректор за настава на Универзитетот “Гоце Делчев“ за иновативност во наставниот процес , за многу проекти што се спроведуваат, во категоријата “новинарство“ сакавме да оддадеме признание на оние кои се мачат во новинарството во денешно време, на колегата Славчо Ивановски од порталот “Комарец“. Во категоријата “туризам“ е Лесново, односно проектот за осветлување на пештерите и најавата за правење на геопарк кај Лесново, во категорија “невладин сектор“ е невладината “Амброзија“ од Пехчево која има многу проекти и за Брегалница и за целиот регион. Во категоријата “култура“, фестивалот “Ин Виница веритас“ и во категоријата “иновативност“ учениците од гимназијата “Славчо Стојменски“ од Штип кои имаат иновативен проект што стигна до Брисел и до награда од милион евра, иновативност кај младите е добредојдена, рече Тони Михаилов, в.д. претседател на регионалниот актив на ЗНМ.

Покрај овие признанија, новинарите од Источниот регион донесоа едногалсна одлука рудникот “Саса“ да добие признание за заштита при работа, поради тоа што повеќе од една година нема инцидент во рударските јами. 

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченоста наречена „Ноќ на источните Оскари“, која традиционално, новинарите од источниот регион ја организираат во месец февруари.

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 179 гости и нема членови


web counter



qr code