Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

revizija papki20.12.2017  Буџетската сметка на Општина Кочани е “олеснета“ за над 15 илјади евра што ќе бидат пренаменети за итно покривање на долговите во образованието. Тоа е интервентна постапка за да се спречи блокирање на работата на училиштата поради натрупаните долгови, а што тие сами не се во можност да ги отплатат.

На седницата на Советот на која се расправаше за пренамената на средствата имаше забелешки дека во изминатите години не се водело доволно сметка за навремено плаќање на фактурите, па дошло до натрупување на финансиските обврски на образовните установи.

Тоа беше повод за реакција дека наместо за редовните потреби, ќе се плаќа нешто што навреме не било платено.

- Ние треба 1 милион денари да тргнеме за училиштата што се наменети за децата, за хигиена, за одржување, за белење и така натаму, да ги платиме за трошоци што не се планирани, што се тргнати надвор од сите планови , а тие кои што се најодговорни не можат да не испочитуваат и да присуствуваат тука, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

На седницата на Советот беше побарана извесна одговорност и од раководните кадри во училиштата затоа што не реагирале во општината како основач за заедничко изнаоѓање решение за долговите.

Поради сомневања за недомаќинско работење, советниците побараа да се направи и контрола во финансиите, посебно во ОУ “Никола Карев“ кое доби интервентна сума за да плати заостанати фактури за струја, но и во останатите училишта за други давачки.

- Да се направи интерна контрола од страна на ревизори од општинската администрација за да се утврди целокупното работење во училиштето “Никола Карев“ за изминатиот период, додаде советникот Алексов.

- Знаеме дека никој нема контрола на трошење на тие средства и чекаме ревизија, како што напоменав, од страна на службите, бидејќи според договорот требало да има интерна комисија за квалитативна и кавантитативна контгрола на спроведувањето на превозот, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

Пред пренамената на сумата од 1 милоин денари за плаќање на заостантиот долг за струја во ОУ “Никола Карев“, Локалнаста самоуправа на Општина Кочани од буџетот исплати и 1,5 милион денари, како краткорочно подмирување на долгот за превоз на училиштата, со што се спречи блокада на сметките на “Гошо виклентоев“ и “Никола Карев“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 184 гости и нема членови


web counter



qr code