Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

proekt ini220.12.2017  Во последните години видлива е потребата од палијативна грижа, но и од генерациско приближување и наоѓање на свое место во секојдневното живеење на старите лица.

Токму поради тоа се наметнува потребата од организиран пристап во надминување на ваквите предизвици кои ќе бидат преточени во акциски планови со цел стратешки пристап и унапредување на квалитетот на живеење на оваа целна група во општините Виница и Македонска Каменица.

Во таа насока здружението „ИНИ - Иницијатива на невработени интелектуалци“ од Виница, ќе го спроведува проектот „За подобар живот“, чија цел е да се изготват Локални акциони планови за социјална инклузија на стари лица во општините Виница и Македонска Каменица .

- Очекуваните резултати се: изработени и усвоени Локални акциони планови за социјална инклузија на стари лица во овие две општини за периодот 2018-2020 година, како и да се подигне јавна свест за социјална инклузија на старите лица во Виница и Македонска Каменциа. Проектот се спроведува во рамки на проектот „Преземи акција за социјална инклузија на стари лица“ спроведуван од Црвен крст на Македонија, со финансиска подршка од ЕУ, Австрискиот Црвен Крст и Австриската агенција за развој и соработка, рече Тодор Цонев од Здружението ИНИ – Виница.

Проектот ќе се реализира до крајот на август идната година, а по неговото завршување треба да се добие акционен план што систематски ќе ги презентира слабостите во функционарањето на системот, но ќе понуди и решенија и препораки како да се подобри состојбата со старите лица во општините Виница и Македонска Каменица.

Вниманието е ставено на овие две општини бидејќи тие се водечки во регионот од каде има најголемо иселување на млади жители, поради што е неопходно е креирање политики со кои на повозрасните ќе им се помогне да останат вклучени во системот на општестевно живеење.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code