X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

borenje turnir21.12.2017  Иако вообичаено се одржуваше при крајот на месец октомври, за оваа година одамна е изминат терминот за организирање на традиционалниот турнир во борење “Андонов-Колев“.

Натпреварувањето што веќе 20 години се наоѓа во календарот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, досега не го доживеа своето 21. издание.

Иако за причините за тоа нема официјални информации од БК “Спартак“, кој е организатор на турнирот, сепак од луѓето што директно или индиректно се ангажирани околу кочанското борење доаѓаат информации оти се очекуваат кадровски измени во раководството на клубот.

Во  план е пред Нова Година да се одржи годишно собрание на кое би се избрал нов Управен одбор, а чии амбиции се консолидирање на “Спартак“ и обезбедување посигурни извори за финансирање на неговото работење. Поради таквиот тек на настаните, меморијалниот турнир “Андонов-Колев“ за младите борачи од Македонија, најверојатно ќе се одржи во почетокот на идната година, со што ќе им се оддаде почит на поранешните членови на кочанскиорт боречки клуб.

Во изминатите години на натпреварот учествуваа борачи од повеќе клубови во Македонија и се натпреваруваа во категории на пионери и кадети, а вообичанео на крајот беа прогласувани најдобар борач и најдобар техничар, и се доделуваа и награди и признанија за учесниците.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click