Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

banka hrana122.12.2017  Предновогодишна хуманитарна акција на делење пакети на социјално загрозени семејства органиизраше Банката за храна во соработка со “Еко пак хит“ и “Шампињони КИС“ од Кочани.

Целта на ваквите акции е да се укаже на потребата вишокот храна да не се фрла туку да се донира на хуманитарни организации, односно да дојде до гладните и сиромашните.

Преку вакви активости да се креира систем со кој што социјално загрозените семејства ќе можат  да имаат барем еден добар оброк дневно е целта на проектот. Бизнис заедницата и угостителскиот еснаф во директна борба против сиромаштијата и гладот“ чиј што почеток беше презентиран во салата на Советот на Општина Кочани.

- Во изминативе осум години по разни истражувања можеме да констратираме дека над 2.000 граѓани во вашата општина јадат два до три пати неделно. Тоа се поразителни податоци, па затоа сме и тука да понудиме систем кој што рамномерно и во текот на 365 дена социјално загрозените семејства ќе добиваат по еден достоен оброк од лице дневно, рече Душко Христов, Банка за храна Македонија.

Во Македонија се фрла храна колку да се најаде и напие цел еден град како Кочани, покажуваат истражувањата.

Активноста е во соработка со компанијата „Еко пак хит“ од Кочани.

Над 70.000 луѓе во Македонија се гладни или имаат два оброка неделно, во Скопје такви се над 10.000 а во Кочани над 2.000. Ваквото вклучување на бизнис заедницата во системот за помош на гладните и сиромашни ќе продолжи и во иднина, вели Христов и додава дека тие производи од големите компании како што се Шампињони КИС на пример ќе бидат употребени пред се во народните кујни, а понатаму и на социјално загрозените семејства.

Т. Велкова 

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: ESE при 4 kmh
Среда0°C/17°C
Четврток-3°C/12°C
Петок-4°C/11°C
Сабота-3°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code