Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ribolovci sobranie22.12.2017  Четири години по основањето СРЗ “Кочански рибар“ е едно од најбројните и најактивните во Македонија. И покрај големиот број искушенија и проблеми пред кои се најдоа риболовците рекреативци, сепак работењето на друштвото во досегашниот период може да се оцени како успешно, а потврда за тоа е и што во моментот тоа брои околу 400 членови.

Ова меѓу другото беше истакнато на вонредното изборно годишно собрание на риболовното здружение на кое пред присутните членови се најде изборот на нови раководни тела.

Од тројцата предложени кандидати за претседател, присутните со мнозинство гласови довербата му ја дадоа на Димитар Димитров, кој и досега ја извршуваше оваа функција.

- Штом ја имам довербата од членовите на риболовното здружение за уште 4 години, тоа значи дека е уште поголема одговорност. Визијата на риболовното здружение е да се создадат поголеми и подобри услови за рекреативен риболов на нас како членови, а воедно и самото место да го направиме туристичко за да можат да доаѓаат и рибари и наши сограѓани кои сакаат да уживаат во еден таков спорт на нашата акумулација Гратче, рече Димитар Димитров, претседател на СРЗ “Кочански рибар“.

Меѓу другите приоритети Димитров го спомена и одржувањето и уредувањето на околината на кочанслата брана, но и понатамошно порибување и заштита на рибниот фонд. Со оглед што поминаа скоро две години од добивањето на 6-годишната концесија за акумулацијата, здружението “Кочански рибар“ ќе се потруди тоа да го оправда и да обезбеди нов период за користење на овој водостопански објект. 

Новина во работењето на друштвото ќе биде и зголемената одговорност затоа што во наредниот период се проширува опфатот на риболовниот ревир.

- Новина ни е тоа дека реката Брегалница која припаѓа во кочанска општина веќе е составен дел со акумулацијата Гратче. Тоа значи дека сите рибари кои веќе ја имаат дозволата за акумулацијата Гратче ќе можат да рибарат и на тој ревир, односно на реката, додаде Димитров.

На вонредното годишно собрание се најдоа и точки за избор на нов Управен и Надзорен одбор на Здружението, со што тоа полноправно ги исполнува условите за законско работење и во наредниот четиригодишен период.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 185 гости и нема членови


web counter



qr code