Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

laptop26.12.2017  Трошењето на парите на граѓаните од касата на Општина Кочани било недомаќинско и недоговорно, а една од постапките за купување компјутерска опрема е дискутабилна и сомнителна.

Иако набавката е спроведена со јавен тендер и избрана е фирма која веќе ги испорачала бараните уреди, чудно е што тоа се случило непосредно пред одржувањето на локалните избори. Уште повеќе што ие чинат над 1,5 милион денари, што е далеку повисока цена од пазарната.

Поради ова, и од етички, но и од економски аспект, се поставува прашањето колку сето тоа било оправдано и неопходно.

На последната седница на Советот, градоначалникот Илијев посочи дека Општината е преполна со вишок компјутери на кои не може да им се најде вистинската намена.

- Месец дена пред промена на власта се купени 24 лаптоп компјутери од кои ние поделивме 19, а 5 стојат во Општината. Да ми каже некој, што јас да правам со 5 лаптопи и што да правам со вашите 17, односно 19 кои се вратени од ваша страна, со право, бидејќи тие се купени со пари на граѓаните, од кои 2 се неисправни, 17 исправни и 5 нови лаптопи стојат во Општината. Значи, трошењето на средствата на граѓаните било недомаќински и неодговорно во секој поглед, загрижувачко, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Грижа за Илијев треба да биде и прашањето зошто за 24 лаптоп компјутери и придружни уреди како рутери, печатачи и друга поситна опрема е постигната цена од околу 25 илјади евра, ако се знае дека тие дури и во продавница чинат многу помалку.

За моделот на лаптоп што е набавен излегува дека треба да се платат не помалку од 50 илјади денари. Сепак, краткиот преглед по интернет страниците на фирмите што нудат ваква опрема покажуваат оти истиот или сличен модел се продава по цена од околу 14 илјади денари, а заедно со инсталираниот оперативен систем Виндоус 10 не би требало да ја надмине сумата од 23 илјади денари. Дополнително што при големи набавки, продавачите даваат и поголеми попусти.

Зошто на тендерот била избрана толку висока понуда, односно тендерската постапка не била поништена од страна на претходниот градоначалник, засега нема одговор. Како што ниту сегашниот не знае зошто од општинската сметка ќе мора да ја плати набавката на толку многу компјутери, што не знае што да ги прави, а кои по година-две ќе бидат застарени и безвредни модели.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 178 гости и нема членови


web counter



qr code