Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ijev prednovogodisno obrakajnje27.12.2017  Двата месеци од преземањето на функцијата не се доволни за да се покажат големи промени во работењето на Локалната самоуправа на Кочани, особено што веднаш по промената на власта новото раководство се соочи со крупни финансиски проблеми, со натрупани огромни долгови во образованието што бараат брзо решавање.

Поради тоа неопходен беше ребалaнсот на Буџетот за годината што изминува за да да може колку-толку неповолната состојба да се надмине, а долговите да отпочнат да се враќаат.

Ова, меѓу другото, го рече градоначалникот Николчо Илијев на предновогодишното обраќање пред Советот и граѓаните на општина Кочани по завршувањетпо на последната седница за 2017 година.

- Со многу напор постигнавме договор со економскиот оператор за транспорт на ученици и успеавме краткорочно да го подмириме долгот и да одблокираме едно училиште. Договоривме и динамика за натамошно исплаќање на долговите. Тешкотиите во работењето доаѓаат и од долговите од кредитите, неисплатените позајмици од централниот буџет. Сепак, со домаќинско работење убеден сум дека работите може да појдат на подобро, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Илијев рече дека решавањето на сообраќајниот хаос во градот бик еден од приоритетите за него како нов градоначалник поради што се зафатил со изнаоѓање подолгорочно решение, а најави дека од четврток повторно ќе профункционира кружниот тек.

- Постапката за измена на режимот ја работиме со стручни служби од МВР, Полициската станица - Кочани и со надлежните за безбедност во сообраќајот. Најновата вест по ова прашање е што добивме согласност од СВР - Штип за измена на режимот на улиците “Тодосија Паунов“ и „Кеј на Револуцијата“. Со тоа, на потегот од мостот кај Шопинг центарот до кружниот тек сообраќајот ќе се одвива двонасочно, а кружниот тек целосно ќе профункционира, во вистинска смисла, од утре 28.12, додаде Илијев.

Од капиталните проекти во општината градоначалникот го потенцираше продолжувањето на изградбата на пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, но и конечното создавање услови за изградба на браната Речани. Исто така, тој го спомена и решавањето на проблемот со улиците во градот и населбата Оризари, како и подобрувањето на условите на стадионот “Никола Мантов“.

Во делот на меѓународната соработка потенцираше дека е обезбедена финансиска и друг вид помош од збратимените и други општини од странство, за полесен пристап до европските фондови.

- На овој начин обезбедидвме донација за проект за детска градинка и одговоривме на повикот од Владата за поддршка во изградбата на вакви установи во локалните средини. Ќе настојуваме овој пример на донации да го практикуваме и понатаму со што ќе придонесеме во кратење на трошоците и забрзување на процедурите. Од друга страна, наша цел е да ги поттикнеме економските оператори кои преку јавни набавки користат средства од Буџетот на Општината, да промовираат општествена одговорност. Немам навика да зборувам за резултати што не зависат целосно од нас, но се надевам на видливи резултати на овој план, рече Илијев.

Илијев рече дека ќе продолжи соработката со граѓанскиот сектор, посебно во давањето предлози за прашања со чие решавање ќе се подобри живееењето на сите граѓани во општината.

- Моите ставови и принципи во работењето се познати: претпочитам квалитет, професионалност, стручност и човечност. Доста со популизам, ситни задоволства и градење среќа на туѓа несреќа. Вистинските резултати и подобрувањето на квалитетот на живеењето ќе дојдат со реалзиација на убави проекти од кои придобивки ќе има што поголема целна група граѓани во општината и пошироко, додаде Илијев.

На крајот од обраќањето пред советниците, градоначалникмот Илијев рече дека ќе работи транспарентно и одговорно, а одговорност ќе бара и од сите свои соработницви во Локалната самоуправа и во институциите што се под нејзина надлежност.

На крајот упати честитки до граѓаните со надеж за поголеми успеси во Новата 2018 година.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Интегрална снимка од обраќањето:

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code