Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet ponikva27.12.2017  Сумата пари што ќе ја има на располагање Локалната самоуправа на Кочани во 2018 година нема големи отстапувања од она што го имаше во годината што изминува. Предлог-буџетот на Општина Кочани доби зелено светло од мнозинството членови на Советот на седницата што се одржа во туристичко-информативниот центар на Пониква.

Кај приходите има мало зголемување од околу 2 милиони денари, но многу поважно е што е направена поинаква структура во распределбата на парите, со намера да се постигне што поголем ефект, односно колку што е можно повеќе да се обезбеди развој на општината во наредните 12 месеци.

Над 513 милиони денари се очелкуваат да влезат на приходната страна на буџетската сметка по разни основи, а од стручните служби во Општината беше нагласено дека се очекува пораст во скоро сите сегменти.

- Во даночните приходи имаме планирано зголемување во уредување на градежно земјиште. Од капиталните приходи очекувани зголемувања се во продажбата на градежно земјиште. Во трансфери и донации постојат, со одлука на Влада преку Министерство за финансии е доделен износ од 3 милиони денари од Декада на Ромите, тоа е за изградба на улицата „Стамен Манов“ и два потпорни ѕида. Во однос на 2017 година постоизголемување и во данокот на додадена вредности очекуваме кпитални трансфери од други нивоа на власт од 10 милиони денари, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Основниот буџет на Општината е со износ од 205 милиони и 800 илјади денари и во однос на последниот ребаланс во 2017 година има зголемување од 13 отсто.

Во делот на дотации има зголемување за основното образование во износ од 6 милиони и 200 илјади денари, а кај средното од 7,5 милиони денари повеќе во однос на годината што изминува. Освен овие пари, Рашков рече дека има дополнително зголемување на блок-дотациите во образованието.

- Вчера добивме допис од Министерството за финансии дека ќе има зголемување во однос на дотациите и тоа во основното образование околу 1 милион денари, а во средното образование 1,5 милион денари. Овој износ, бидејќи материјалите веќе беа доставени до Советот на разгледување, со првиот ребаланс ќе биде вметнат во вкупната дотација, додаде Рашков.

Советниците дадоа поддршка на зголемувањето на средствата што ќе ги добијат образовните установи во општината, но побараа сите пари да не се трошат само за враќање на старите долгови.

- Сега многу повеќе пари влегуваат во образованието, а учениците, просветарите, никој нема да почувствува бенефит, бидејќи тие пари одат за покривање на претходните долгови. Значи, треба да се вратат претходните долгови, меѓутоа не сите пари што доаѓаат екстра да ги потрошиме за враќање на вересиите, туку дел од тие пари нека одат и за унапредување на условите во образованието. Нема основни потрошни материјали таму, хигиенските услови се слаби, наставниците си плаќаат за фотокопирање на тестирање и слично, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Тука сакам да го потенцирам и моментот на трошење на средствата, бидејќи за овие два-три месеци и граѓаните и ние можевме да дојдеме до информации дека голем дел од средствата што биле предвидени за едни или за други намени биле нерационално трошени, и со тоа е направена штета на граѓаните, направена е штета во делот на инфраструктурата, во делот на развојот, на образованието и така натаму. Значи, очекуваме дека секој еден денар што ќе биде потрошен од страна на Општината дека ќе има оправдување и очекувам дека за која било потрошена парта ќе има отчет и транспарентност  нема да биде затскривана за флоскулите дека тоа е доверливо и дека е биде затскривано зад флоскулите деа не може да биде достапно до граѓаните, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Јас ќе бидам воздржан по гласањето за оваа одлука бидејќи финансиите што ќе се одвојат за спорт и култура, каде што во најголем дел се тангирани младите, сметам дека не ги задоволуваат потребите. Се надевам дека во текот на годината извршувањето на Буџетот ќе биде како што е планирано и дека ќе има повеќе средства за тие две ставки, за ставки за кои можат да се добијат поголеми средства од Министерството за култура и од некои странски фондации, рече Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

На крајот од расправата за Предлог-буџетот за 2018 година заеднички беше ставот дека и покрај скромните зголемувања во приходите, сепак планскиот документ може да се оцени како развоен за општината. Со 18 гласа “за“ и 1 “воздржан“ Буџетот беше усвоен.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 178 гости и нема членови


web counter



qr code