Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

posebni potrebi vinica27.12.2017  Успешно заокружен шестмесечниот проект за интеграција на лицата со попреченост, на компанијата “Макпрогрес“ како главен спонзор во соработка со дневните центри од Виница, Штип, Куманово и Струмица и општинските организации на Црвен крст.

Целта е подобрување на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби.

- Во изминатиот период имавме низа активности кои што оставија траен белег, а тоа се летен одмор, спортски активности, креативни активности, активности од културен карактер кои што беа проследени со дружење, развој на многу емоции, нови пријателства и слично. Се надевам дека во наредниот период ќе продолжиме со истото темпо со тоа што ќе реализираме и голем проект во кој што ќе вклучиме и повеќе дневни центри и тие да ги видат бенефитите што Макпрогрес ова година ги понуди за нас, рече Дејан Здравков, дефектолог во Дневен центар - Штип.

Во сите активности како дел од проектот беа инволирани околу 50 деца со посебни потреби од дневните центри од Виница, Штип Куманово и Струмица а вкупно околу 200 луѓе беа вклучени во проектот. Финансиската поддршка од бизнис секторот при вакви проекти е добредојдена.

Подобрувањето на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби е една од основните цели на проектот помеѓу “Макпрогрес“ и Црвениот крст, во партнерство со Центрите за социјална работа и дневните центри.

- Општествено одговорното работење на “Макпрогрес“ кое се практикува како неделив дел од бизнис постоењето на компанијата, со овој и со многу други проекти придонесува за развој и благосостојба на луѓето во заедницата. “Макпрогрес“ не останува само давател на донација, туку траен партнер на Црвен крст во подобрувањето на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби. Нам ни е особено драго за успешната реализација на проектот како и активностите кои донесоа позитивни општествени промени, рече Марина Андреева, претставник од “Макпрогрес“.

Покрај тоа, заедничка цел е подигнување на свеста кај јавноста за поддршка на лицата со посебни потреби, зајакнување на капацитетите на Црвениот крст и владините партнери за спроведување на заднички иницијативи за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

Во проектот беа вклучени дневните центри од Виница, Штип, Куманово и Струмица. Беа имплементирани активности меѓу креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, едукации за децата, родителите и згрижувачите на децата, психолошка поддршка за деца и родители и многу други активности кои ги иницираат тимовите на локално ниво.  

Т. Велкова

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code