Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

unipab torpedo futsal27.12.2017  Екипата на “Унипаб“ е победник на градското дерби со “Торпедо“ што се одигра во рамки на првото коло од Купот на Македонија во футсал.

Поискусната екипа која настапува во Втората лига не дозволи изненадувања и го совлада противникот со 5:3, иако во текот на целиот натпревар имаше неизвесност околу конечниот резултат.

Шансите за гол се редеа уште од самиот почеток, а првата посериозна прилика ја искористија фудбалерите на “Унипаб“ кои уште во 2 минута дојдоа во водство. Сепак, на изедначување не се чекаше многу, со оглед што 4 минути подоцна резултатот беше 1:1. До крајот на првиот дел “Унипаб“ искостиси уште една шанса и дојде во водство од еден гол разлика, со што се отиде и на пауза.

Во вториот дел и двете екипи покажаа уште подобра игра, а епилогот од тоа беа уште неколку убави погодици. Најпрвин, “Унипаб“ дојде до високо водство од 4:1 со головите што беа постигнати во 35 и 38 минута, но противничката екипа на “Торпедо“ не се откажуваше од можноста да направи изненадување. Тоа им успеа токму кога присутната публика помисли дека натпрреварот е решен. Со погодоците во 39 и 40 минута “Торпедо“ се врати во игра и ја направи завршницата на натпреварот уште поинтересна и повозбудлива.

Обидите да го изедначат резултатот ги направија дури со пет играчи во поле, но токму тоа беше и нивниот слаб момент, па наместо да постигнат, тие примија гол и му дозволија на “Унипаб“ да триумфира со 5:3 и да го продолжи настапот во четвртиналето за Купот на Македонија.

Овој натпревар меѓу двете кочански футсал екипи имаше и хуманитарен карактер, односно парите што се собраа од продажбата на влезниците ќе им бидат поделени на двајцата наши сограѓани Андреј Стојанов и методи Митев, на кои им се неопходни за лекување.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code