Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kej na revolucijata28.12.2017  Кружниот тек кај Полициската станица во Кочани повторно е вратен во функција. Возилата што доаѓаат од правец на Aвтобуската станица сега можат да го продолжат движењето по улицата “Кеј на Револуцијата“ кон Плоштадот.

По отстранувањето на физичките препреки и промената на сообраќајната сигнализација, режимот на оваа улица е вратен по старо, како што беше до пред почетокот на февруари годинава.

Градоначалникот Илијев ја донел одлуката по консултации со стручни лица, кои ова го предложиле како преодно решение за да се овозможи побрз проток на возилата во централното градско подрачје.

- Ние, во принцип, како град немаме лошо сообраќајно решение, имаме еден единствен проблем, тоа што улиците што се наменети за движење на возилата се претворени во паркинг плац. Единствено решение, еден предлог што тие го дадоа е под итно да размислиме и да најдеме решение за паркирањето, а улиците да ги оспособиме за движење на возилата, за што во принцип и се изградени. Посебна забелешка беше дека косото паркирање, особено од левата страна, покрај тоа што го стеснува коловозот, исто така е и небезбедно и се апелираше, се донесе стручно мислење, дека ние треба под итно да постапиме и полека да го отстрануваме паркирањето од коловозот, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Според Илијев, ваквото решние не е идеално, но додека да се реши сообраќајниот метеж на долг рок, овој начин ќе овозможи побрзо движење на возилата, а ќе се зголеми и пропусната моќ на сообраќајницата.

Сепак, група граѓани, пред се сопственици на трговски и други дуќани на “Кеј на Револуцијата“, дојдоа лично на градоначалникот да му го искажат своето незадоволство што сообраќајот повторно е двонасочен, поради што е забрането паркирањето на коловозната лента. Рекоа дека со тоа може да им се намали прометот, односно дека се ставени во нерамноправна положба во однос на дуќанџиите на улицата “ВМРО“ каде сообраќајот останува еднонасочем, а и паркирањето е дозволено.

- Ова е една ситуација каде што мора сите да бидеме свесни дека без отстапки и без компромиси ние не можеме да најдеме решение, бидејќи грешките што се направени во изминатите 50 години со издавање одобрение за гаражите што се наменети за паркирање на возилата и нивно претворање во трговски дуќани, денес ние тоа не можеме да го поправиме и да го решиме, и мојата молба до сите граѓани е да бидат трпеливи додека не изнајдеме навистина адекватно и соодветно решение, пред се за паркирање на возилата, а понатаму да ги ослободиме улиците да бидат за движење на возилата, додаде Илијев.

Едно од решенијата е изградба на катна гаража, што до сега било проблем да се реализира затоа што немало детален урбанистички план во кој би била предвидена нејзината локација. Сепак, Илијев потенцираше дека веќе започнало да се работи и на тој план.

- Во моментот се работи точно централното градско подрачје, односно Градска четврт 6 каде што на урбанистите им дадовме јасна задача да се испроектира катна гаража која ќе биде со капацитет меѓу 200 и 300 возила, што сметаме дека за следните неколку години ќе биде решен проблемот со паркирањето, а со тоа се надевам дека и нашите навики ќе ги смениме, да не се движиме со возилата до дуќаните, туку ќе се погрижиме и пеш да се движиме и така да придонесеме за решавање на секојдневните проблеми, заклучи Илијев.

Враќањето на стариот режим на сообраќајот кај кружниот тек и на “Кеј на Револуцијата“ не им правеше проблеми на возачите и пешаците, иако видливо беше присуството на сообраќајната полиција која ги предупредуваше учесниците во сообраќајот за измената.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code