Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

minister alagozovski28.12.2017  Центарот за култура “Бели мугри“ е една од институциите во државата што заслужува поголемо внимание на државата, затоа што и како објект претставува репрезентативна градба од повеќе аспекти.

Ова меѓу другото го истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на Кочани и по разгледувањето на состојбата во која се наоѓа една од најстарите културни установи во регионот.

Притоа, тој потенцираше дека определбите на Mинистерството за децентрализирање на проектите за култура од главниот град во другите градови во државата со сигурност ќе го опфатат и Кочани, со посебно внимание токму за потребите од реконструкција на Центарот за култура.

- Она што ме радува е тоа што гледам дека гледам оти има расположение и од локалната власт, самите вработени се мотивирани, имаат идеја, имаат визија и се разбира, самиот културен центар има долга традиција на работа во интерес на граѓаните, така што јас навистина, и покрај тоа што сега состојбата е тешка, сум оптимистичен дека во период од неколку години ќе успееме да му го вратиме стариот сјај на овој културен центар. Освен инфраструктурата, ќе работиме и на создавање нови работни места. Така што сите места што се упразнети, еве слушнав дека луѓето заминувале во пензија, ние ќе инсистираме да обезбедиме услови за вработување и кај нашите колеги од другите министерства, да го заживееме и да го дигнеме и човечкиот капацитет на самиот културен центар, да произведува силни културни содржини, повторно во интерсе на граѓаните на Македонија, рече Роберт Алаѓозовски, министер за култура.

Во обиколката на Центарот за култура, што во придружба на градоначалникот Илијев, претседателот на Советот Солевски и директорката Димитрова, ја направи министерот за култура, тој рече дека повеќе од сигурно е дека објектот ќе добие внимание од државата.

- Прво сум воодушевен од архитектурата на овој објект којшто во годините кога бил граден, бил граден и со голема естетска димензија, но и мултифункционално.  И сето тоа убаво вкомпонирано како архитектура, за да ги обавува сложените дејности на еден културен центар. Ова што сега го гхледаме, за жал, е доста руинирано, некои домови што сум ги посетил се и во полоша состојба, но се разбора има и култуерни центри што се во многу подобра состојба, додаде Алаѓозовски.

Во рамки на посетата на Кочани, министерот Алаѓозовски беше запознат со активностите и проектите што ги реализира Центарот за култура, самостојно и во соработка со другите инситуции во градот. Присутвото овде за него беше можност и да го види новогодишниот концерт на ОМУ “Ристо Јуруков“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок8°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code