Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani reka129.12.2017  Новинарскиот осврт на настаните што беа покарактеристични во годината што изминува покажува дека во голем дел тие биле со позитивно, но не бил мал бројот и на оние со негативно обележје, поради што не е лесно да се направи баланс и да се издвојат најважните.

2017-та во нашиот регион започна надежно и со големи очекувања, особено по убавата вест во средината на јануари дека виничанецот Лазе Димитровски ја добил премијата од 22 илјади евра од Државната видеолотарија на Македонија. На тоа во февруари се надоврза и информацијата за распишувањето на јавниот тендер за втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани.

Сепак, за да не биде се толку розово, влијаеше граѓанската невнимателност, па токму во најстудените денови од претходната зима избувнаа неколку пожари во куќи и во Трговскиот центар во Кочани, во кои за среќа имаше само материјална штета.

Дополнително, негативнот тренд го продолжија и учесниците во сообраќајот, кои пред се поради брзото возење предизвикаа сообраќајни незгоди со жртви и тешко повредени лица. Всушност, овие настани ја одбележаа и целата година, поради што можат да се земат како најнегативна појава во 2017-та.

Пролетната сезона ја одбележаа секојдневните загадувања на реките во регионот, но освен констатирањето на состојбата и апелите тоа да се намали, позитивни ефекти немаше. Политичката криза во државата и очекувањето кога ќе има локални избори, влијаеше и врз работењето на општинските администрации, поради што тие не беа во можност да продаваат градежно земјиште и да обезбедат приходи по тој основ.

На почетокот од летото под лупа на Државниот завод за ревизија се најдоа времените вработувања во Општина Кочани, а тогашниот градоначалник ги отфрли шпекулациите дека била поднесена кривична пријава против него.

Убавите работи обично траат пократко, па така и веста во јули дека на Железничката станица во Кочани дошол нов и помодерен воз траеше само еден ден и не продолжи како практика. Сепак, во истиот период добредојдена беше информацијата дека компанијата “Амфенол“ се нашла на 25 место меѓу 200 најсупешни фирми во Македонија. Дополнување на убавите случувања во тој период беше и поставувањето на камен-темелникот на пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, што поради своето огромно еколкошко значење може да се смета и како најпозитивен настан во 2017 година.

Во септември започнаа кампањите на кандидатите за градоначалници и за советниџи, па практично сите случувања беа поврзани со нивните јавни настапи и обраќања пред граѓаните, а останатите настани како да дојдоа во втор план. И по преземањето на функциите од страна на новоизбраните градоначалници, старите проблеми останаа, поради што тие набргу се соочија со барањето начини да ги решаваат. Меѓу нив водечко место имаа големите долгови, пред се во училиштата, но и прашањата со комуналната инфраструктруа, сообраќајниот хаос, кучињата скитници и слични мали и големи главоболки.

Сепак, пред новите локални власти во општините од регионот претстојат 12 нови месеци во кои тие ќе треба да ја оправдаат довербата од граѓаните и да реализираат поголем дел од предизборните ветувања, за да се да се подобри животниот стандард и да се намали иселувањето во странство.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code