Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ratko pres revansizam29.12.2017  Против мене и против раководните структури во Општина Кочaни поставени во претходниот период се водат политички хајки, рече во обраќањето на прес-конференцијата поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димтировски, а во врскa со поднесената кривична пријава против него за спроведувањето на пробниот период во линискиот градкси превоз.

Целта на таквиот проект според него, било да се овозможи евтин превоз за ранливите категории граѓани од периферните делови на градот, а имало и еколошки момент.

- Со истиот ќе се намалува сообраќајниот метеж, како и загадувањето на воздухот во градот.

За истото е информиран Советот на првата нардна седница во јануари 2014 година и истиот донесе заклучок пробниот период да се продолжи до 30.04.2014 година за да се организира како редовен јавен превоз, рече Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски рече дека намерата за олеснувањето на движењето на граѓаните, од страна на СДСМ било претставено како криминал, а против него и другите раководители во Општината се применувал политички реваншизам, за што се закани дека некој ќе мора да одговара.

- Очекуваме да следува период со нови невистини, лаги и монтирани политички случаи. Со тоа, сегашното раководство ја прикрива својата неспособност, некреативност, неработење во интерес на економијата и комуникациите, растот и немањето реализација на проекти. Од ова место сакам да им порачам на креаторите на ваквите случаи дека нивните намери се прочитани и нивното време истекува мошне брзо. Сите учесници, како и соучесници во овие валкани политички игри ќе мора да одговараат пред лицето на правдата и системот во кој ние цврсто веруваме, додаде Димитровски.

На крајот од прес-конференцијата Димитровски рече дека во иминатите години граѓаните виделе како се развивала локалната економија и се гардела општината, со капитални проекти, па затоа не требало да дозволат внимнанието да им се одвлекува со шарени лаги за секојдневието. Обраќањето пред јавноста тој го искористи и да ја честита Новата Година.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code