Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm kocani29.12.2017  Непријатно е токму пред новогодишните празници да се зборува за политички теми, а уште поневкусно е кога тие се поврзани со криминал, корупција, нетранспарентност и нечесност, се вели во писмената реакција на ОО СДСМ - Кочани како одговор на прес-конференцијата на поранешниот градоначалник Димитровски.

Во дописот стои дека и покрај претстојните празници, некому не му е важно убавото расположение на граѓаните, па сака да зборува за нешто што веќе е завршена приказна.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, се обидува во стил на ранет “лав“ да ја измие вината од своето лице, иако јавноста не само во општината, туку и пошироко знае како работеше тој во изминатите скоро 9 години.

Сомневањата за неговите криминални однесувања ја потврди и полициската истрага, во која беше откриено дека ја оштетил касата на Општината, односно незаконски потрошил 50 илјади евра на граѓаните, за само нему познати потреби. Поради тоа си доби и кривична пријава, па сега, на два дена пред Нова Година, инфантилно се правда дека некој му прави хајка и политички реваншизам.

Ниту му се виновни граѓаните, ниту членовите на СДСМ, туку виновен е самиот, затоа што кога го предупредувавме дека може да одговара за начинот на кој ја раководи Локалната самоупарава, тој се однесуваше како да е глув. Па, си дозволи во Општината да ја вработи својата снаа, но и ќерки и синови на свои соработници и партиски другари, а од општинската каса делеше на наместени тендери само на нему блиски фирми и “деловни“ соработници.

Доцна е, господине Димитровски, да ги обвинувате другите за вашите грешки и да смислувате оправдувања пред јавноста. Подобро е времето да го искористите за да се подготвите тоа да го објасните пред институциите кои тоа ги интересира, се вели во писмената реакција на ОО СДСМ - Кочани, во која на крајот е упатена честика до граѓаните со желби за добро здравје и личен успех во Новата Година.

T. Aјтовски

 

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота10°C/22°C
Недела12°C/23°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code