Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina kocani zgrada129.12.2017  Како поранешен градоначалник во два мандата, префрлувањето на вината на другите во предновогодишна прес-конференција го сметаме за непристојно оправдување за Вашето работење, се вели во писмениот допис испратен до медиумите, како реакција на обвинувањатa што претходниот градоначалник Димитровкси ги упатува кон своите довчерашни соработници.

Звучи нелогично во ист текст да зборувате за хајка против раководните структури  во Општината, а истовремено и за нивна неспособност, некреативност и немање проекти. Всушност зборувате за раководители што Вие ги поставивте, за администрација што ја наследивме од Вас.

Дали новите поставени правила за работа и почитувањето на законите некому не му одговараат? Дали отворено ја наметнувате потребата од нивна смена?!

Ние верувавме во Вашиот тим, на секого подеднакво давајќи му можност да придонесе во градењето администрација која ќе се темели на професионализам и знаење, на тимска работа, која пред сè ќе има континуитет и ќе биде без партиски обележја.

Факт е дека во Вашето работење оставивте многу долгови, кредити и позајмици  кои секојдневно ги сервисираме.

Ние имаме доверба во професионалноста на институциите и сакаме мирољубиво и човечки да ги решиме сите прашања што се од јавен интерес.

Сакаме да ѝ порачаме на јавноста дека отворено се бориме против корупцијата и лукративните намери во работењето на Општината и дека интересот на граѓаните ни е пред сè, се вели во писмената реакција од кабинетот на градоначалникот Николчо Илијев, а како одоговр на прес-конференцијата на неговиот претходник Димитровски.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота10°C/22°C
Недела12°C/23°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code