Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

novogodisen koncert201729.12.2017  Учениците и професорите од ОМУ “Ристо Јуруков“ноќта на одржување на традиционалниот новогодишен концерт навистина ја направија волшебна, каков што е и годинешниот наслов н концертот.

Ја воодушевија публиката која што ја исполни салата на ЦК “Бели мугри“ до последното место.

И годинава, како и во претходните, се одржаа повеќе дневни и две вечерни претстави, а последната, со своето присуство ја збогатија и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Публиката беше воодушевена од концертот и истакна дека тој е резултат на посветеноста на наставниците и раководството на музичкото училиште, како и на големиот труд и талент на учениците.

Инаку, во новогодишниот концерт секоја година учествуваат околу 200 ученици и нивните наставници. Се изведуваат околу 15 композиции, од кои пет пее малиот хор, пет хорот од повозрасните ученици и пет композиции се инструментални што ги свири оркестарот на училиштето. И годинава, покрај инструментални, наставниците и учениците подготвија и песни кои во моментот се најслушани меѓу младите.

Т. Велков

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 114 гости и нема членови


web counter



qr code