Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prvo bebe 201802.01.2018  Машко е првото новороденче во 2018 година кое се роди во Општата болница во Кочани. На свет го донесе мајката Тања Атанасова од Зрновци, а бебето се родило неколку часа по навлегувањето во Новата година.

Породувањето го извршил доктор Фонзи Јуруков, кој рече дека тој и неговите колеги имале полни раце работа, токму за време на новогодишната прослава.

- Во текот на новогодишната ноќ се родија три бебиња, при што пред полноќ се родија две, едно машко и едно женско бебе, а после Нова година, после 12 часот се роди првото новороденче во 2018 година. Тоа беше машко, со тежина 3,8 кг., должина 55 сантиметри. Раѓањето протече во најдобар ред, родилката е добра, ние сме задоволни, се надеваме дека ќе биде бериќетна годината, рече д-р Фонзи Јуруков, гинеколог.

Традиционално, првото новороденче во Новата година го посети градоначалникот Илијев, при што на мајката и ја честиташе рожбата, посакувајќи и нејзе и на бебето многу здравје и среќа, а и врачи и пригоден подарок. Исто така, подароци за родилката обезбедија и кочанската Општа болница, како и компанијата “Ледер“ од Кочани.

Според доктор Јуруков, нема промена во бројот на бебиња кои во 2017 година се родиле на Акушерското одделение.

- И минатата година е слична со претходната, така што тука е бројот на раѓања, над 200 раѓања. Со оглед на условите и кадарот што го имаме, сме задоволни, додаде Јуруков.

Во 2016 година во списокот на Акушерското одделение беа запишани 244 нови раѓања, така што во годината што измина остстапувањата се минимални.

Инаку, статистички гледано, со новороденчето од Зрновци продолжува досегашната традиција, со оглед што во последните три години во Општата болница се раѓаат машки бебиња.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

2°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: ESE при 4 kmh
Среда0°C/17°C
Четврток-3°C/12°C
Петок-4°C/11°C
Сабота-3°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code