Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ularci-Poplava26.02.2013  70-тина куќи во Уларци ноќеска беа поплавени од водата на Злетовска Река што се излеа од своето речно корито и навлезе во селото. Жителите исплашени за својата безбедност цела ноќ пробдеале надвор од своите домови, обидувајќи се да спасат дел од покуќнината и домашните животни во шталите.

Силната вода ги изненадила, затоа што нејзиното ниво се зголемило за краток период, па и не можеле којзнае колку да интервенираат во спасувањето на имотот. Постарите жители рекоа дека досега не виделе толку вода во реката, па ниту во сопствените дворови.

 - Јас сум 63 години и ова е прв пат за овие години да се случи вакво нешто. Или браната кај Пишица или браната кај Злетово е пуштена одеднаш и во селото има направено голема штета, некаде околу 70 сантиметри вода има низ куќите, рече Крстев Митко, жител на Уларци.

 Жителите на Уларци претпладнето се обидуваа да ги расчистат каналите за да истече водата од нивните дворови и од домовите.

- Па, синоќа после 12 и пол беше страшно, таму кај рампата, кај што ни е црквичката, едно 20 метри во должина сме ставиле бали и камења 2 метри во височина, да можеме да се спасиме, оти реката ни дојде во селото... Ноќеска полошо беше, вода имаше, ова не е ништо, до колкот беше.... Вадите, одозгоре вадите никако не се чистени, тие треба да се исчистат, а не друго, затнато е, ништо не е чистено, рекоа жители на Уларци.

 Штета претрпеа и оризопроизводителите кои ланското производство се уште не го продале, туку го чуваат во амбарите.

- Нели на сите фабрики можеш да им однесеш ориз и кога ќе имаш потреба можеш да го лупиш. Така и јас го однесов во нашата фабрика, тука во Уларци, ама сега кога гледам влегла вода околу половина метар и иако е наредено на палети, долните редои се сите уништени, рече оризопроизводител од Уларци

 Поплавата во Уларци ја прекина и наставата за учениците во основното училиште.

- Не бев на школо, оти многу поплава имаше, во школото имаше многу вода и затоа, рече ученик во основното училиште.

 Освен во Уларци водата од Злетовска Река навлезе и во десетина куќи во соседното Жиганци. Штети имаат и жителите на Чешиново, во чија близина се преполнил одводниот канал и преку нивите водата навлегла во дворовите и куќите.

Т. Ајтовски

Сподели

Ularci-Poplava-6Ularci-Poplava-3Ularci-Poplava-8Zletovska-Reka-6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 199 гости и нема членови


web counter



qr code