Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ulica-Goce-Delcev-Orizari2

06.06.2013  Улицата “Гоце Делчев“ во Оризари треба да добие нов асфалтен слој. Техничкиот проект веќе е изготвен, ставен е во приоритетите за изградба на инфраструктура во општината и сега се бараат финансиски извори.

Една од можностите да се обезбедат пари се гледа преку „Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој за 2013 година“ за што Локалната самоуправа се подготвува да аплицира. Притоа предвид е земена мерката 321 што се однесува на подобрувањето на квалитетот на животот во руралните средини. Финансиер на програмата е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Како  носител на проектот, се предивудва Локалната самоуправа да обезбеди дел од средствата од буџетот на Општината, преку Програмата за локални патишта и улици. Со оглед што терминот за поднесување апликација е до 3 јули, во Општината забрзано се одвиваат активностите да се запази рокот.

Соглaсност за поднесување на проектот треба да даде и Советот на Општината заради што идната недела ќе се одржи и посебна седница на која советниците треба да донесат одллука тој да добие приоритет.

Улицата “Гоце Делчев“ се наоѓа во центарот на Оризари, и е дел од кејското сообраќајно решение  во населбата. Технички таа е подготвена за асфалтирање на што се чека неколку години. Финансиската поддршка од Агенцијата за развој на земјоделието и руралните средини изнесува 100% од износот на прифатливи трошоци, а средствата на барање на корисникот може да се доделат и во вид на авансна исплата во висина од 20%.

Доколку проектот на Општината биде прифатен оризарци наскоро на оваа собраќајницатреба да добијат асфалт.

Т. Ајтовски

Сподели

Ulica-Goce-Delcev-Orizari-1Ulica-Goce-Delcev-Orizari3Ulica-Goce-Delcev-Orizari5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 63 гости и нема членови


web counter



qr code