X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

minister zdravstvo 02.01.2018  На последниот ден од 2017 година министерот за здравство дојде во Кочани, во посета на Општа болница, што според него е вообичаена работна обврска и е дел од планираните посети на поголемите здравствени институции во државата.

На средбата со директорката Панова и со дел од дежурните лекари на Итната медицинска помош, тој ги доби првичните информации за состојбата во која се работи во моментот и неопходните технички и кадровски потреби.

Министерот Филипче рече дека се работи за вообичаена средба, откако неодамна тој ја презеде раководната функција во ресорот, при што искажа и впечатоци од средбата во Кочани.

- Еве сега сме тука во Болницата за да поразговараме со раководството и со вработените, да ги слушнеме секојдневните предизвици со кои што се соочуваат и заеднички да поразговараме за начинот на кој што тие најлесно би се решиле. Добро е, едно позитивно искуство до сега во соработка со колегите, сега да видиме како инфраструктурно сето тоа изгледа, па ќе направиме план за понатаму, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот за здравство најави дека во текот на 2018 година Кочани ќе биде дел од пилот-проект за спојување на Општа болница и Здравствен дом во една здравствена институција.

- Тоа е еден пилот-проект на кој што почнуваме да работиме, станува збор за проект што ќе ни покаже точно како се распределуваат трошоците, како се прават долгови и да видиме дали врз основа на тоа можеме да најдеме начин за рационалзиација на работата, додаде Филипче.

Со проектот за спојување на двете установи во Кочани се очекува да се намалат давачките за правни и други заеднички служби, како и да се избегне дуплирањето на кадри што не се директно поврзани со здраствените услуги. Освен Кочани, Министерствотоз з а здравство во овој проект ќе ги вклучи и Кавадарци и Гевгелија каде што ситуацијата е слична како кај нас.

Исто така, министерот Филипче рече дека се прави стратегија за намалување на бројот на лекарите и другиот медицински кадар кои заминуваат во странство, а истата наскоро ќе биде соопштена во јавноста.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NNE при 15 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click