Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

TPPE202.01.2018  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска ги посети институциите чии служби имаа дежурства во текот на празнувањата.

Целта беше директно од најодговорните да се информира за состојбите во текот на новогодишните празнувања и лично да им ја честита Новата година.

Општа оцена е дека празниците поминале во мирна атмосфера, со мошне мали интервенции. При посетата на Општа болница, со директорката Борка Панова, Илијев размени мислења за потребите на здравствените установи од кадровски и материјално-технички аспект.

Притоа е истакнато дека граѓаните заслужуваат добро здравство, поради што Општината ќе се залага локалните средини да не бидат запоставени, а најмалку нашата јавна установа кон која гравитираат 120 илјади регионални пациенти.

Градоначалникот ги посети и Полициската станица од општа надлежност, каде со командирот Горанчо Јакимовски разговараше за состојбите во сообраќајот по измените во режимот на улиците во централното градско подрачје.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејанчо Арсов рапортираше за моменталната состојбата и за потребите на Единицата, но и за планираните активности во доменот на превенцијата од пожари.

Илијев оствари средба и со директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров, а заеднички ја посетија и Фабриката за преработка на вода во Кочани.

 

Сподели

©2017 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 171 гости и нема членови


web counter



qr code