Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

laptopovi opstina03.01.2018  Дел од лаптоп компјутерите, што во Општина Кочани беа набавени пред локалните избори, како и оние што советниците од претходниот состав ги вратиле, најверојатно нема да останат неискористени.

Се планира да им се поделат на локалните институции на кои би можеле да им бидат од корист. Таква е идејата на градоначалникот Илијев, кој најавува дека ќе побара согласност и од Советот.

- Останаа кај нас 21-22 лаптопи за кои во моментот немаме решение, односно во моментот моето размислување е на првата седница на Советот во 2018 година да поднесам барање тие да се расходуваат и потоа да им ги доделиме на училиштата, на Полициската станица кои се жалат дека немаат компјутери. На институциите на кои им се потребни да ги поделиме, бидејќи тоа е технологија и техника која многу брзо застарува и веројатно и батериите, ако не се користат, ќе пропаднат и тогаш ќе треба да ги фрлиме, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За набавката на 24 лаптопи и друга компјутерска техника непосредно пред локалните избори во октомври, Комисијата за јавни набавки по завршената е-аукција му предложила на претходниот градоначалник Ратко Димитровски, а тој ја избрал понудата вредна над 20 илјади евра. Иако немало голема потреба од толку високи трошоци, опремата била испорачана, а обврската за плаќање ја наследи новиот градоначалник.

Вишокот компјутери што непотребно се набавени, сега Општината ќе мора да ги донира, а останува прашањето зошто од стручните служби во администрацијата не му сугерирале на стариот градоначалник дека нема потреба од таква набавка.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 167 гости и нема членови


web counter



qr code