Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

polnac elektromobili03.01.2018  По информацијата на локалните медиуми за поставувањето на полначот за електрични возила, што пред Нова година беше инсталиран пред зградата на Локалната сампуправа во Кочани, од Општината испратија појаснување дека со Договор за јавна набавка, склучен на 5 октомври 2017 година била набавена станицата за полнење на електромобили, но и електричен скутер.

Барањето за оваа набавка била поднесено на средината на мај минатата година, а јавната набавка била извршена во два дела.

Договорот за уредот за полнење електрични возила бил склучен со фирмата „Фибернет м-к“, а скутерот бил набавен од добавувачот „КМГ ЕОЛ Квазар“, при што на првата тендерска постапка учествувале тројца, а на втората двајца понудувачи. Набавката била извршена според најниската цена постигната со електронска аукција.

Станицата за полнење на електромобили чини над 301 илјада денари, а електроскутерот околу 246 илјади денари, или вкупно околу 9 илјади евра од Буџетот на Општината.

Образложението на Општината за набавката на станицата и на електроскутерот беше дека тоа се прави „заради подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на локално ниво, со намалување на штетните гасови, намалување на урбаната бучава, заштитеноста на почвата и водата, помали трошоци за одржување и пониска цена на погонското гориво, како и актуелниот развој на автомобилската индустрија.“

Инаку, од технички аспект, станицата за полнење електромобили е уред со веб-апликација, со посебни RFID-картички со коишто располага Општината со кои се овозможува пристап за полнење. Станицата има два излеза, што значи едновремено може да се полнат два електромобила.

Електричниот скутер, пак, се полни преку адаптери на обичен штекер и со едно полнење, кое трае од 7 до 8 часа, може да поминат околу 80 километри.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота1°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code