Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

planinari03.01.2017  Раководството и најредовните членови на ПСД “Осогово“ уште на стартот на Новата година се зафатија со работа и го одржаа првиот состанок на кој се договараа активностите што ќе се реалзираат во наредниот едногодишен период.

Главен заклучок од средбата е дека Друштвото бележи позитивен тренд и зголемување на бројот на акции и анимирање на јавноста, пред се помладите, за да се придружат во освојувањето на планинските врвови.

Сепак, главно прашање и понатаму останува просторот што планинарите би го користеле како свое седиште во кое ќе се договараат за сите активности.

- Просторија немаме и до сега каде што ќе најдеме таму, бевме позади, во Домот на културата, од таму не преселија овде, па утре чекаме ново, како птици-преселници. Ќе бараме како прво сала за состаноци, малку финансиска поддршка од Општината, рече Тошо Антов, претседател на ПСД “Осогово“.

На состанокот се разгледуваа и предлозите за акциите за искачување на планинските врвови во оваа година, како и динамиката според која ќе се одвиваат активностите. Еден од заклучоцоите е патеката до Раткова Скала да стане препознатлива рута за рекреативно пешачење, односно да се промовира како можност за привлекување на планинари од други друштва од Македонија и од странство.

- Сега ја правиме патеката, понатаму ќе имаме и видео записи, снимки од дронови, за привлекување на поголем број туристи од земјата, од странство, како што имаше на Петровденскиот марш. Се трудиме да направиме некои поголеми акции како што се на Алпите, Гран Парадисо, Мон Блан, сите највисоки врвови во Македонија, највисоките врвови на Балканот, Вихрен, Мусала, и нови предлози од членовите, додава Антов.

Како резиме за реализираното во минатата година, на состанокот беше констатирано дека се реализирале над 60 акции, при што членовите на Друштвото се искачиле на повеќе од 100 врвови  во нашата држава, на Балканот и пошироко. Посебно беше истакнат потфатот за искачување на Мон Блан и на врвот Фиџи во Јапонија, како и добивањето на наградата од Планинарската федерација за најдобро планинарсжко друштво во Македонија за 2017 година.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 136 гости и нема членови


web counter



qr code