Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

elektricen polnac104.01.2018  Проектот на Локалната самоуправа на Кочани со кој пред општинската зграда токму пред Нова година беше поставен полнач за електромобили, заедно со набавката на електричниот скутер, ја отвора дилемата дали тоа била толку неопходна инвестиција.

 Нерационалното и неоправдано трошење на парите на граѓаните од буџетот на Општината, очигледно има и друга димензија ако се земе предвид периодот кога постапката е започната и реализирана.

Всушност, одлуката за јавна набавка претходниот градоначалник Ратко Димитровски ја донел на 15 мај минатата година, односно на последниот ден од неговиот мандат. Тоа е периодот кога до 1 јуни 2017 година сè уште не беше познато дали Парламентот ќе го продолжи рокот на функциите на градоначалниците и на советите.

Сепак, ова не било пречка да започне постапката за набавка, што се реализирала нешто подоцна. Имало ли очекувања дека друг ќе треба го плаќа сето тоа?

Дополнително, според информациите од ЕСЈН, конечната одлука за изборот на добавувачи е направена на 9 септември, односно десетина дена пред официјалниот почеток на предизборната кампања. Сепак, и тоа не било пречка планираната јавна набавка да се реализира. Според информациите на Општина Кочани, тоа било предлог произлезен од Форумот во заедниците, но средствата за реализација останале само од општинскиот буџет.

Зошто Општина Кочани морала да брза да биде прва во регионот, па и меѓу ретките во државата, кога е познато дека новите технологии обично се скапа инвестиција? Зошто се определила од скромниот буџет да набавува опрема без да има увид во бројот на електромобили на нашата територија; со „тенко“ образложение оти така ќе се подобрувал квалитетот на живеење на граѓаните, ќе се спречувало испуштањето штетни гасови и ќе се намалувала урбаната бучава? Кој и како ќе плаќа за потрошената струја за полнење на електричните возила, како ќе се контролира потрошувачката, дали услугата ќе биде достапна 24 часа? Ако просторот пред уредот за полнење е зафатен со паркирани возила, како електромобилите ќе се полнат? Ова се прашања кои заслужуваат одговор – заради граѓаните кои ја плаќаат набавката.

Најпосле, зошто Општината сама инвестирала од парите на граѓаните, кога од ЕВН Македонија, деновиве најавуваат дека имаат план, освен во Скопје, полначи за електрични возила да поставуваат и во другите градови? Како дополнување на таквата информација, од австриската компанија најавија дека сопствениците на електрични возила ќе имаат можност во 2018 година бесплатно да ги полнат возилата.

Ако Општината, на чело со Ратко Димитровски, го следеше гласот на народот уште во време кога Канал 8 известуваше за јавната набавка за електричен скутер, по јавните коментари на социјалните мрежи ќе знаеше дека граѓаните жестоко го критикуваат овој потег.

Дали ова е уште еден потег за нерационалното трошење на парите на граѓаните пред истекот на мандатот на претходниот градоначалник?

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
Четврток-2°C/6°C
Петок2°C/9°C
Сабота2°C/11°C
Недела-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code