Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oranje niva104.01.2018  Најавата на Министерството за земјоделство дека започнала постапката за обезбедување т.н. „зелена нафта“ со пониска цена од пазарната, ги подобри очекувањата кај земјоделците дека со тоа за нив ќе се ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за ова гориво.

Се очекува да се направи измена во Законот за земјоделство и рурален развој со кој ќе започне примената на мерката, а за што веќе биле обезбедени пари за таа да се реализира во текот на 2018 година. Освен ова, стапува во сила и даночното ослободување за персоналниот данок за остварен доход до 1 милион денари, наместо досегашните 300 илјади.

Земјоделците од регионот велат дека мерките се повеќе од добредојдени за да им останат повеќе пари, па дури и да обезбедат некава живеачка, особено со обезбедувањето земјоделска пензија за лицата над 70 годишна возраст.

- Секој земјоделец кој ќе оствари приход до 1 милион денари нема да плаќа ниту денар персонален данок на државата, тоа е еден од бенефитите, а тие пари ќе останат кај земјоделецот. Исто така, земјоделските површини нема да се обработуваат со потрошен килограм нафта од 50 денари, ќе се обработуваат земјоделските површини со далеку пониска цена на нафтата. Исто така и една мала група што ќе се згрижат, што ќе добијат земјоделска пензија, постари лица од 70 години, значи и тие ќе имаат некаква надеж за живот што до сега не било, рече Зоран Борисов од Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Од Министерството за земјоделство неодамна информираа дека новите мерки, посебно воведувањето на “зелената нафта“, се подготвуваат во консултација со стручни лица и со земјоделски здруженија, за што е планирано да се организираат и јавни дебати.

Според анализите не е голем бројот на лицата што до сега не можеле да остварат пензиско право, а што со новата мерка ќе добиваат земјоделска пензија. Тоа значи дека мерката нема да биде сериозно финансиско оптоварување на државниот буџет.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code