Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani panorama204.01.2018  Само 4 градежни парцели од понудените 8 се продадоа на јавната аукција на државно градежно земјиште што пред Нова година ја организираше Општина Кочани.

Иако во текот на минатата година подолг рок немаше продажба на градежни парцели поради политичките случувања и пролонгирањето на изборниот процес, сепак кај купувачите не се постигна очекуваниот интерес, иако се нудеа плацеви на атрактивни локации и со различна површина.

За тоа зборува и цената што е постигната за оние плацеви што добија нови сопственици, а кои метар квадратен ќе го платат само 10 денари повеќе од почетните 61 денар.

Најголем интерес на огласот имало за парцелите за мало стопанство во месноста Драчевиќ, при што од понудените три се продале две, со површина од 1557, односно 1587 метри квадратни. На нив новите сопственици ќе можат да изградат објекти за лесна индустрија, а вкупната површина на основата е 726 метри квадратни.

Освен за овие два, заинтересирани купувачи имало и за еден од понудените три плацеви за изградба на објект за индивидуално домување, како и за една од двете парцели на Пониква со површина од 950 метри квадратни за изградба на викенд куќа.

Огласот за продажба на државното градежно земјиште беше објавен во средината на ноември, а пријавувањето на заинтересираните беше од 5 до 25 декември, додека електронската аукција се одржа во истиот период, два дена по истекот на рокот за пријавување за секоја категорија плацеви пооделно.

Во планските документи на локалната власт е предвидено дека со продажбата на парцели и во текот на оваа година треба да се обезбедат дел од приходите на буџетската сметка, што доколку целосно се исполни усвоената Програма за располагање со градежното земјиште, треба да се соберат максимум околу 20 миолиони денари.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота10°C/22°C
Недела12°C/23°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code