X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

laptop hp 105.01.2018  Скандал се случил во Локалната самоуправа на Кочани набргу по набавката на новата компјутерска техника што ја нарачал претходниот градоначалник Димитровски.

Мистериозно исчезнал еден од 24-те лаптоп компјутери од една од канцелариите во кои се чувал дел од купената опрема. Уредот ни не бил ставен во функција, што значи дека е украден штотуку распакуван.

Веднаш по утврдувањето на бројната состојба, случајот бил пријавен во полиција. Од Надворешната канцеларија за криминални работи во Кочани, телефонски за Канал 8 ја потврдија пријавата, и рекоа дека веќе е започната истражна постапка, направен е увид на лице место, а информиран бил и јавниот обвинител. Со оглед што истрагата се уште трае, други информации не можеа да откријат, но најверојатно по прибирањето на доказите ќе следува соодветна пријава.

Неофицијално, сличен настан се случил и во периодот кога поранешниот градоначалник Димитровски дошол на функцијата. И тогаш од канцеларија исчезнал еден од новонабавените лаптоп компјутери, а за разлика од сега, јавноста не беше информирана како сето тоа се случило, дали имало истрага и како завршила.

Според Договорот за набавка и испорака на компјутерски системи и периферни ИТ уреди, што неодамна е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, просечната вредност на сега исчезнатиот и на другите 23 лаптопи е околу 30 илјади денари, а освен нив, претходниот градоначалник нарачал и уште 10 персонални компјутери, 2 безжични рутери, 2 ласерски печатачи и 10 тонери за нив. Персоналните компјутери се поскапи, односно проесечната цена за еден е над 47 илјади денари.

Во почетокот на август бил склучен договор со двајца добавувачи, при што тие го завршиле својот дел од обврската и ја испорачале опремата. Локалната самоуправа се обврзала плаќањето да го реализира во рок од 60 дена, што значи дека се калкулирало со можноста долгот да му се препушти на новиот градоначалник што ќе дојде по локалните избори. Тоа и се случило, па градоначалникот Илијев наследил обврска на добавувачот “Боки компјутери“ од Штип да му плати 1 милиони и 249 илјади денари за компјутерите, а на фирмата “Тренд ком“ од Струмица да и исплати над 88 илјади денари за печатачите, рутерите и тонерите.

Анализата на набавената опрема, посебно на лаптоп компјутерите, покажува дека на наддаавањето за најниска е постигната неочекувано висока цена за едно парче, со оглед на техничките карактеристики на уредот. Во моментот лаптоп компјутер за таа цена, на пример, содржи процесор од поновата I3 генерација, додека она што го добила Општината е опрема од постар датум што е поевтина.

Со тоа покрај прашањето за оправданоста на целата набавка, се наметнува и дилемата дали не е склучен штетен договор што дополнително треба да подлежи на истрага?

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click