Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

denari raka05.01.2018  Непродуктивните трошоци во Општина Кочани најмногу ќе “настрадаат“ со рационалазацијата што започнала да се спроведува кај расходите што не се директно поврзани со исполнувањето на работните задачи.

Анализата на финансиското работење во изминатите години покажала дека има можности за значителна заштеда на пари што ќе се пренаменат за други потреби. Според градоначалникот Илијев, кратењето на трошцоите започнало уште пред Нова година, а ќе продолжи и во текот на 2018-та.

- Ги скративме трошоците за репрезентација, трошоците за патување се сведени на едно разумно ниво, мора да ги има, но се на разумно ниво и продолжуваме со штедење на секое место. Ќе продолжиме со рационализацијата, исто така морам да кажам дека во Буџетот ги скративме и средствата за IT технологија, односно за купување нови компјутери. Праксата дека секоја година треба да вложиме 20 илјади евра за компјутери оваа година нема да ја има, а во потрага сме и по други решенија што ќе заштедат значајни средства во Буџетот, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Општината ќе има и нов приод кон фирмите кои соработуваат со Локалната самоуправа. Според Илијев, ќе се работи на подигање на свеста за општествена одговорност што ја имаат, па освен за нивниот бизнис интерес, да и помогнат и на пошироката заедница.

- Се работи за фирмите кои работат проекти и кои земаат пари од буџетот на Општината. На крајот, ако остваруваат некаква добивка, ред е еден мал дел, не сакам да кажам процент, да го врата на граѓаните, не како пари, туку како донации во разни проекти и други дела што ќе бидат од интерес на граѓаните. Еден таков принцип почнавме, имаме добар одѕив. Една фирма веќе ни донираше проект, таа не е од Кочани, не е локална, но соработува со Општина Кочани, од Скопје е, донираше проект за изведба на детска градинка, додаде Илијев.

Со примерот што го спомена градоначалникот Илијев за добрата практика со фирмата што бесплатно го донирала проектот, Општина Кочани успеала навреме да поднесе апликација до ресорните министерства за добивање финансиска помош за изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик. Слични примери за општествена одговорност се очекуваат и во наредниот период, а паралелно со тоа ќе оди поголемата контрола и кратењето на непродуктивните трошоци од општинскиот буџет.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок8°C/24°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 129 гости и нема членови


web counter



qr code