Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ratkova skala krupno05.01.2018  Продолжениот празничен викенд е добра можност за членовите на ПСД “Осогово“ да ја организираат својата прва активност во новата 2018 година. В понеделник, 8 јанаури тие ќе реализираат марш за кој стартната точка ќе биде кај манастирот во селото Пантелеј.

Според организаторите, се планира активноста да се изведе во две групи, при што едната која е психофизички подобро подготвена да пешачи преку селото Шталковица до месноста Раткова Скала, а од таму да се спушти во Злетово.

Другата група, која ќе биде составена од рекреативци ќе оди преку селото Рајчани до месноста Свиланово, каде е убиен претседателот на Крушевската република, Никола Карев, а од таму да стигне во Злетово. За учесниците на маршот, на крајната дестинација е предвиден заеднички ручек со злетовска пастрмајлија.

Од ПСД “Осогово“ ги повикуваат сите заинтересирани да го пријават учеството кај претседателот на клубот заради планирање на активноста. Тргнувањето кон селото Пантелеј, со организиран превоз, е закажано за в понеделник во 6 часот од паркот во Кочани. Цената на превозот е 200 денари доколку има најмалку 20 пријавени учесници.

 T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота10°C/22°C
Недела12°C/23°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code