Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica porpavka09.01.2018  Половина од вкупната сума пари што во 2017 се потрошени за изградба и реконстуркција на улиците ќе има на располагање Локалната самоуправа на Кочани во 2018 година.

Наместо 1 милион евра колку што претходната локална власт потрошила за оваа намена лани, за претстојните 12-тина месеци Општината предвиде 32 милиони и 700 илјади денари, што главно ќе се обезбедуваат од сопствени извори.

Со Програнмата за изградба и реконструкција на улиците е планирано асфалтирање на дел од улиците “Скопска“, “Петар Синадинов“ и “555“ во населбата Прокарка, за што ќе се потрошат околу 5,5 милиони денари. По 3 милиони денари ќе се инвестираат за асфалтирање на два крака од улицата “Вера Которка“, како и на поголем број улици со должина до 150 метри.

5,5 милиони денари Општината ќе вложи за комплетирање на улиците “Карпошово Востание“ и “АСНОМ“ во Оризари, а останатите пари ќе се наменат за пробивање и прочистување на патиштата во ридско-планинскиот регион, како и за тампонирање на повеќе улици во градот и селските населби. Дополнително, на претходно планирната сума ќе се додадат и парите шпто Општина Кочани ги добила од Буџетот на Република Македонија за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите.

- Имаме зголемување од 3 милиони денари во програмата ЈД - улици и патишта за реализација на “Стамен Манов“, кое што ќе биде донација од Владата на Република Македонија, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Со парите од Декадата на Ромите, како што рече Рашков, Општина Кочани планира да асвалтира два крака од улицата „Стамен Манов“ и да изгради два потпорни ѕида на истата улица.

Комплетирањето на двете улици во Оризари ќе се финансира со 4,3 милиони денари од Светска банка и удел на општински средства од околу 1,2 милиони денари. Доколку бидат обезбедени средства во буџетот на Општината се очекува да се финансира и изградбата на улицата “Кресненско Востание“.

Со проектот за рехабилитација и подобрување на општинските патишта, Општина Кочани преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделство и руралниот развој и Источниот плански регион ќе аплицира за добивање пари за изградба на патишта до 1 километар во руралните подрачја, за поврзување на селото Горно Гратче со Кочани и за изградба на пристапен пат до манастирот во месноста Добра вода кај Оризари.

Т. Ајтовски        

                                                      

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code