Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dobra voda orizari09.01.2018  Минатата година непристапност и суденото време. Годинава Бог прати сонце и релативно топло време за овој период од годината па со голем број верници помина црковно народниот собир што и годинава се организираше на манастирот Добра вода во Оризари на втор ден Божиќ кога се одбележува празникот Собор на Пресвета Богородица.

Собирот на овој убав ден прерасна во традиција. Домаќинките сукаа зелници, а се кршеше и лепче со паричка. Кумот од минатата година го предаде кумството на новиот кум кој на сите верници им посака добро здравје и успех во Новата година.

- Јас како овогодишен кум на новиот во кој се падна паричката му посакувам добро здравје и успех во новата година и на сите луѓе кои што дојдоа заеднички да го прославиме Божиќ, рече Бошко Цветановски, кум на собирот.

- Не очекував дека во мене ќе ја најдам паричката. Многу се радувам што идната година ќе бидам кум на ова свето место, рече Дејан Ангелов, кум за идната година.

Без греана ракија и добра музика не помина и овој собир. Најголемата пречка за црковниот собир да биде уште помасовен е тешко пристапниот пат до манастирот. Затоа домаќините секоја година апелираат да се направи пат. На манастирот му недостасуваат и конаци и кујна, но во најскоро време ќе се направи и тоа.

- Околу 30 зелници сукавме оваа година, многу се убави ваквите собири, годинава и времето послужи па дојде и многу народ. Чест ми е што дојде и градоначалникот Илијев со кој што се договоривме да размислуваме како ова место да прерасне во добар туристички комплекс кој што ќе биде посетуван од голем број туристи, рече Стефан Смилков, домаќин на манастирот.

Собирот продолжи со музика, песни и ора до доцните попладневни часови, а на манастирот „Добра вода“ освен на втор ден Божиќ, секоја година се слави на првиот петок по Велигден или кај народот познат како Источен петок – Балаклија кога се празнува со црковно народен собир. Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 143 гости и нема членови


web counter



qr code